10 работи за кои родителите најмногу жалат: Секој родител се кае поради нешто од детството на своите деца

Секое семејство има свој начин на воспитување, но сите имаат една заедничка работа: кога ќе погледнат наназад, секој сфаќа какви грешки направил.

950

Секој родител се труди да биде најдобар и е подготвен да направи сѐ за своите деца.

Некои со строгост ги насочуваат децата на вистинскиот пат, некои со поблаги методи на воспитување.

Секое семејство има свој начин на воспитување, но сите имаат една заедничка работа: кога ќе погледнат наназад, секој сфаќа какви грешки направил.

Ова се најчестите работи за кои се каат повеќето родители.

Не уживале во разговорот со детето

Како што расте детето, му требаат сѐ повеќе разговори со возрасните.

Тие секогаш имаат куп прашања и колку и да ви е заморно, секој момент на комуникација е драгоцен за детето.

Во ред е да не им бидете постојано достапни на вашите деца, но ако секојпат го одложувате разговорот, ќе зажалите подоцна кога детето ќе порасне.

Не постои начин да го надоместите изгубеното време, затоа уживајте во секој момент со вашето дете.

Не го гушкале доволно често своето дете

Истражувањата ја покажаа важноста на прегратките за психолошкиот и физичкиот развој на детето. Кога децата ќе пораснат, сè помалку сакаат да се галат со родителите. Колку и да ги слушате советите да не претерувате со гушкање и бакнување на вашето дете, ќе сфатите дека само краток период на блискост ќе ви значи многу.

Не правеле доволно видеа и фотографии
Видеата и фотографиите се најскапоцените спомени и нема подобро чувство кога ќе се сетите на некои заеднички моменти и кога ќе сфатите колку брзо расте вашето дете.

Затоа чувајте ги, ќе ви значат во секое време и со задоволство ќе им се враќате секој пат.

Не ги запишале првите зборови на детето

Мислите дека секогаш ќе се сеќавате на сѐ, но како што одминува времето некои работи се забораваат, па не е лошо да имате мало потсетување за сите важни први работи што вашето дете ги направило.

Не поминувале доволно време играјќи си со децата

Премногу обврски и брзото темпо на живот исцрпуваат, а често немате доволно енергија за детските игри и енергијата што ја имаат.

Но, ваквата забава е најдобриот начин да поминете време со вашето дете, особено ако имате предвид дека многу работи најдобро се учат преку игра.

Оваа фаза од животот брзо поминува, затоа обидете се секогаш да најдете време за она што го прави вашето дете среќно.

Биле премногу строги

Едно е да се применува строгост ако детето направило нешто погрешно, но не го засновајте вашиот стил на родителство на тоа.

Со текот на времето, тоа може да има големи последици, особено во односот со вашето дете.

Не им било грижа за мислењето на нивните деца

Можеби се многу мали, но дури и тие развиваат свој став со текот на времето.

Децата чие мислење често се игнорира може да пораснат во многу несигурни личности.

Затоа почитувајте го и дозволете му на вашето малечко да го каже она што го мисли, а многу ќе ви значи да знаете во која насока се развива вашето дете.

Не ги усреќиле доволно децата

Децата имаат грст барања и желби, но ако се потрудите да им исполните по некоја од време на време, ќе сфатите колку им значи и колку ќе паметат такви работи до крајот на животот.

Често ги следеле туѓите совети

Кога сте нови во нешто или се чувствувате несигурни, нормално е да примате совет од некој со поголемо искуство.

Но, вистината е дека вие како родител знаете подобро од кој било што е најдобро за вашето дете. Не дозволувајте другите да се мешаат премногу во воспитувањето на вашето дете, а вие самите ќе научите многу работи во текот на неговиот развој и ќе разберете што правите добро, а што не.

Не биле со своите деца во најважните моменти од нивниот живот

Некои работи се случуваат само еднаш и навистина е драгоцено кога ќе ги доживеете заедно со вашите деца. Потрудете се да не ги пропуштате таквите моменти, бидејќи и кога се мали и во текот на животот, најважна им е поддршката од родителите.

Повеќе