Родителите се кријат од своите деца за да добијат неколку моменти самотија?

Факт: „Жонглирање“ со родителството и каков било вид на „време за мене“ е како постојана борба за повеќето родители. Новото истражување покажа за колку навистина голема борба станува збор.

490

Американската агенција Munchery неодамна интервјуирала 2.000 мајки и татковци и открила дека просечниот родител има само 32 минути за себе дневно.

Да, повеќето мајки и татковци имаат малку повеќе од половина час дневно да си посветат на себе.

Работат многу и се кријат од децата

Друго откритие што е донекаде депресивно е тоа што 32 отсто од родителите не престануваат да работат до 20 часот, што секако го објаснува недостатокот на време во кое можат да прават што и да е друго освен секојдневни родителски должности и обврски.

Колку им е тешко на родителите да најдат време за себе, говори и податокот дека родителите во едно интервју откриле дека од своите деца се криеле во просек четири пати неделно.

Да, се чини дека понекогаш родителите треба да се преправаат дека одат во тоалет само за да добијат неколку моменти осаменост.

Другите наоди го вклучуваат фактот дека родителите кои работат со полно работно време поминуваат во просек 18 часа неделно во директна грижа за децата, а четвртина од родителите, или 24 отсто, поминуваат повеќе од 30 часа неделно директна грижа за децата, покрај нивните други одговорности.

Тие одат во самопослуга пет пати неделно и се справуваат со бесот

Исто така, откриено е дека просечниот родител оди во самопослуга пет пати неделно и се справува со бесот и недоличното однесување на нивните деца исто толку пати неделно.

Иако резултатите од ова истражување не се толку изненадувачки, тоа е секогаш добар потсетник дека на сите ни треба соодветно време за себе.

Зошто ни е толку тешко да си дадеме приоритет на времето за себе?

Знаеме колку очајно ни е потребно, како за нашето ментално здравје, така и за нашата способност да бидеме добри родители.

Во секој случај, заслужуваме повеќе од половина час, нели?

Дали вие имате време за себе?

Повеќе