Поврзување со бебето: 10 работи што можете да ги направите!

63

Патот на родителството не е подеднакво лесен или тежок за секого.
Поврзувањето со бебе не е лесно, ниту едноставно. Тоа не им доаѓа на сите татковци или дури и на сите мајки, веднаш, со раѓањето на бебето.

Но, за среќа, постојат мали секојдневни задоволства кои можат да ви помогнат во ова.

Тие не се ниту заморни, ниту здодевни, а постои голема веројатност и дека веќе ги правите, но не сте свесни за нив.

  1. Гледајте го бебето во очи – поврзувањето со бебето е најлесно со очите, бидејќи научно е утврдено дека бебињата секогаш ги бараат очите на мама или тато
  2. Помирисајте го бебето – мирисот на бебето ги активира центрите во мозокот одговорни за љубов и грижа и го стимулира лачењето на окситоцин – хормонот на љубовта
  3. Кожа на кожа – има причина зошто бебињата се ставаат на голите гради на мајката по раѓањето и се оставаат така барем еден час. Допирот го стимулира лачењето на хормоните одговорни за доењето и поврзувањето со бебето.
  4. Дојте го – ако можете затоа што доењето е најлесниот начин за поврзување. Ако не можете, ништо страшно бидејќи самиот чин на хранење на вашето бебе влијае на вас и на бебето.
  5. Бебешкиот плач – и детскиот плач има цел при поврзувањето, имено плачењето го активира центарот за грижа во мозокот.
  6. Слушајте музика и танцувајте – овој начин на забава со вашето бебе ќе направи чуда за вашата врска!
  7. Бакнеж – исто како и со вашиот партнер, бакнежите со вашето бебе ги создаваат оние ситни дневни спомени кои ве поврзуваат со него.
  8. Носете го бебето – или во носилка или во раце, бидејќи со носењето создавате нераскинлива врска!
  9. Смејте се – смеењето го ослободува хормонот за добро чувство допамин, кој пак ве прави среќни – и бебето и вас!
  10. Те сакам – дури и ако бебето не ве разбира, кажте му дека го сакате, сигурно ќе се чувствувате подобро.
  11. Бидете благодарни – за секоја секунда што можете да ја поминете со вашето бебе
Повеќе