За новите родители, справувањето со бебе кое не сака да спие во своето креветче може да биде исцрпувачко, особено ако тоа спие само кога вие го држите во раце.
Континуираното лулање и смирување не само што ве остава уморни, туку сте загрижени и за квалитетот на спиењето на вашето бебе.
Со некои благи техники на учење на спиењето, можете да му помогнете на вашето бебе да научи да се смири и да заспие самостојно.
Еве неколку практични совети кои ќе ви помогнат вам и на вашето бебе да го добиете одморот што го заслужувате.
Зошто бебето спие само кога вие го држите?
Ако вашето бебе не спие во креветчето, туку само во вашите раце, важно е да ги разберете причините за ваквото однесување. Некои од главните причини се:
Прилагодување на живот надвор од матката
Кортни Зенц, експертка за спиење на бебиња, објаснува дека една од главните причини зошто бебињата не спијат доколку не ги држат е затоа што се прилагодуваат на животот надвор од матката.
„Во текот на 40 недели, бебињата се во утробата, каде што се заштитени со топлина на телото, звуците на срцето и нежно лулање“, вели таа.
„Во првите недели надвор од матката, мајката и бебето се запознаваат. Удобноста, сигурноста, топлината и блискоста ги потсетуваат на она што го доживувале внатре, поради што го бараат тоа и надвор“.
Моро рефлекс
Зенц објаснува дека друга причина е рефлексот Моро, неволниот одговор на бебето на стимулација или изненадување што трае и до 16 недели по раѓањето.
Тоа е примитивен рефлекс кој предизвикува неволна заштитна моторна реакција. Моро рефлексот или „изненаден“ рефлекс може да го наруши сонот на новороденчето бидејќи кога ќе се случи, бебињата може ненадејно да се разбудат, барајќи удобност и поддршка за повторно да заспијат.
Навика
Според Зенц, бебињата можат да развијат склоност да спијат само кога ги држат ако првично сте ги навикнале да спијат на раце.
Оваа навика може да ги наруши нивните природни циклуси на спиење.
„Иако секое бебе доаѓа со способност да спие, учењето како да заспие е вештина“, објаснува таа. „Методите што детето ги поврзува со заспивањето – како носење, нишање, хранење – стануваат негова очекувана рутина пред спиење. Како што растат и се движат низ фазите на длабок и лесен сон, тие се будат доволно често за да ја очекуваат истата поддршка за спиење, што доведува до чести ноќни будења што ги доживуваат многу нови родители“.
Рефлукс, колики и гасови
Рефлуксот, колики и гасови, исто така, може да бидат причини за вашето бебе да сака да спие во вашите раце, вели експертката за спиење Сузи Џордано.
„Во првите недели од животот, удобноста на вашето бебе е од најголема важност. Ако забележите симптоми на рефлукс, колики, гасови или други медицински проблеми, секогаш прво консултирајте се со вашиот педијатар. Носењето често им дава удобност на бебињата кои ги доживуваат овие проблеми, олеснувајќи го спиењето и зголемувајќи ја веројатноста полесно да заспијат“.
Создавање поволна средина за спиење
Воспоставувањето здрави навики за спиење за вашето бебе може да изгледа предизвикувачки, но тоа е можно.
Направете пријатно опкружување за спиење
Според Зенц, идеалната средина за спиење започнува со добро подготвена детска соба.
Таа препорачува користење на тврда, рамна површина за спиење, како креветче или количка. Исто така, клучно е да се одржува удобна температура во просторијата, идеално помеѓу 20 и 21 Целзиусови степени.
„Темната соба може да помогне во регулирањето на циклусите на спиење и будење додека деноноќниот ритам на вашето бебе сè уште се формира“, додава таа.
Употреба на техники за смирување
Џордано советува да користите смирувачки техники како што се повивање или бел шум за да му помогнете на вашето бебе да научи да спие самостојно.
„Повивањето (Swaddling) е одлична стратегија за првите неколку недели од животот на вашето бебе“, вели таа.
„Тоа помага да се контролира рефлексот Моро и го имитира удобното опкружување во матката, правејќи го вашето бебе да се чувствува безбедно и помалку обземено од неговата нова способност да се движи слободно“.
Белиот шум е уште една корисна алатка, бидејќи може да му помогне на вашето бебе да ги блокира вообичаените звуци во домаќинството.
Звуците од природата, како што се бранови, дожд или грмење, се особено ефективни бидејќи имаат смирувачки емоционален ефект врз бебињата“.
Создавање рутина за спиење
Исклучително е важно да се направи распоред, односно точно да се одреди времетраењето на спиењето и времето на спиење.
Техника на намалување
Зенц ја опишува техниката на намалување како постепен и негувачки пристап кој му помага на вашето бебе да развие независни вештини за спиење. Оваа техника постигнува деликатна рамнотежа помеѓу родителската поддршка и автономијата на бебето, овозможувајќи непречена транзиција кон самосмирување.
„За да го научите бебето добро да спие бара време и трпение“, објаснува Зенц.
„Како што вашето бебе станува подобро во заспивањето, ќе му треба помалку помош.
Но запомнете, клучното е да се внимава на хранењето, времето и рутините.
Уморното бебе тешко ќе заспие и ќе остане заспано. Препорачувам постепено намалување на вашето ангажирање во текот на неделата.
На крајот на тој период, треба да можете да го заспиете вашето бебе во вистинско време, во средина погодна за спиење и тоа само ќе заспие“.
Не се откажувајте
Џордано ја нагласува важноста на упорноста кога се соочувате со бебе што не спие, без оглед на вашиот пристап.
„Секој ден е нова можност, затоа не грижете се ако не сте ја постигнале целта денес.
Тоа е сосема нормално. Само продолжете. Можам да ве уверам дека со доследна пракса и стабилна рутина пред спиење, вашето бебе ќе ги подобри своите навики за спиење“.