Можеби само се преправа дека плаче?! Зошто бебињата плачат без солзи, а можат да спијат и со отворени очи

Сте провериле дали е гладно, жедно, надуено, дали има грчеви или лежи на мокра пелена. И сето тоа го исклучивте. Па што не е во ред со него? Можеби мислите дека само се преправа дека плаче затоа што нема солзи?

111

Оваа ситуација ќе им биде позната на сите родители; го пресоблековте новороденчето, го нахранивте и го заспивате; но наместо да спие, тоа плаче, дури и вреска. Лицето му е искривено, очите широко отворени, а целото тело веќе добива темноцрвена боја и навистина изгледа како да тестира колку му се силни белите дробови.

Проверивте дали сè уште е можно да е гладно, жедно, надуено, има грчеви или можеби лежи на мокра пелена. И сето тоа го исклучивте. Па што не е во ред со него?

Можеби само се преправа дека плаче? Затоа што не гледате по лицето да му течат солзи кои паѓаат на перницата… Но, тешко дека баш сега вежба за својата прва актерска награда…

Станува збор за тоа дека новороденчињата плачат без солзи затоа што нивните солзни канали се уште се развиваат.

Кога се развиваат солзните канали?

„Бебињата почнуваат да плачат со солзи по втората недела од животот, но кај некои овој процес трае подолго, па нормално е кај некои деца солзните канали да се развиваат до третиот месец од животот“, вели педијатарот др. Тања Ремер Алтман.

Кога се формираат, жлездите во облик на бадем се сместуваат под горниот очен капак и произведуваат солзи кои го навлажнуваат окото.

„Штом ќе проработи солзниот канал, процесот наликува на дождовен облак; солзите се спуштаат низ окото до еден вид дренажен систем во внатрешниот агол на окото и продолжуваат да се слеваат низ носот“, вели педијатрискиот офталмолог др. Филипа Шарвуд исто така објаснува: „колку се гледа дека плачеме, т.е. дека солзите „ни течат по образите“ зависи од овој „одводен“ систем и од тоа колку солзи произведува солзниот канал“.

Лекарите велат дека до ден-денес не е познато зошто бебињата се раѓаат со неразвиени солзни канали, а напоменуваат дека се случува и малите деца да почнат да произведуваат солзи кои поради недоволно развиените или блокираните солзни канали не се слеваат нормално како што е опишано погоре, до работ на окото, па низ носот. Кога овие деца плачат, солзите им паѓаат право на образите, а проблемот може да биде во еден или во двата недоволно развиени солзни канали.

Можат да спијат со отворени очи

Иако можеби звучи чудно, всушност не е нешто од што треба да се плашите. Некои бебиња спијат со отворени очи, како резултат на медицинска состојба наречена лагофталмус.

Не е позната причината зошто бебињата можат да спијат со отворени очи, но тоа може да е поврзано со нивните уникатни циклуси на спиење и поминување повеќе време во РЕМ сон од возрасните. Но, тоа е безопасно, прилично вообичаено и не укажува на проблем со спиењето.

Повеќе