Зошто не треба да ги условуваме децата за новогодишните подароци

Не е секогаш лесно да се биде родител, а во ситуации кога детето сака нешто, на многумина им е тешко да кажат „не“, па често велат „можеби“, „ќе видиме“ или го условуваат детето

22

Доаѓаат Нова година и Божиќ, а денешните деца често имаат нереални очекувања кога се во прашање подароците.

Психотерапевтката Марина Балажев вели дека има многу фактори кои можат да влијаат на очекувањата на детето.

„Ќе наведам само неколку од нив: околината (класот, пријателите итн.) – детето гледа што добиваат другите, знае што е популарно; социјалните мрежи – како и ние возрасните, така и децата се под влијание на социјалните мрежи; и маркетингот кој произведува потреби и желби за нешто, влијае на нив исто како што влијае на возрасните“, вели Балажев во интервју за хрватски Индекс.

Како да им објасните на децата што се подароци?

„Како му пристапуваме на детето во обид да му објасниме некоја тема зависи од возраста на детето, од тоа што сакаме да го пренесеме, од тоа колку знаеме или не знаеме како да се справиме со емоциите на детето, од тоа на што детето досега е навикнато, итн.“, посочува таа.

Балажев забележува дека е важно родителите да не ги условуваат подароците.

„Не е секогаш лесно да се биде родител, а во ситуации кога детето сака нешто, на многумина им е тешко да кажат „не“, па често велат „можеби“, „ќе видиме“ или го условуваат детето: „Ако бидеш добар, ако ги поправиш оценките, итн., за да ја избегнат сопствената непријатност. Меѓутоа, тоа не е добро ниту за детето, ниту за односот родител-дете“, вели таа.

Повеќе