Во неодамнешната епизода од поткастот 20VC со водителот Хари Стебингс, филозофот Ален Де Ботон зборува за тоа како родителите можат да препознаат дали воспитале дете со самодоверба поставувајќи им едноставно прашање: „Дали сакаш да бидеш славен?“
„Показател за добро родителство е ако што вашето дете нема желба за слава“, вели Де Ботон.
Експертот објаснува дека децата кои не се стремат кон слава имаат доволно внатрешна сигурност и не чувствуваат потреба од надворешно јавно одобрување, пишува Њујорк Пост.
„Тие не сакаат да ги познаваат странци“, додава тој. „Задоволни се со тоа што ги знае помал круг на луѓе кои навистина ги познаваат и кои тие самите ги познаваат.
Де Ботон тврди дека луѓето кои се стремат кон слава се надеваат дека ќе стекнат почит и љубов преку нивната популарност. Сепак, познатите личности често доживуваат спротивни чувства, како завист, несигурност и осудување.
Овие изјави поттикнаа многу коментари од корисниците на Тик-Ток.
Некои се согласуваат со Де Ботон, додека други го критикуваат. Некои корисници изјавија дека никогаш не би сакале да бидат познати, други тврдат дека би сакале да бидат познати само поради богатството, а други сметаат дека во денешно време е нормално децата да сакаат да бидат познати. Можете да погледнете дел од поткастот подолу.