Што треба да направите ако сте им се развикале на своите деца?

Ако ви се случи да експлодирате и да почнете да му викате на своето дете, многу е важно брзо да се извините и да ги именувате чувствата поради кои сте изгубиле контрола, советува Беки Кенеди, детски психолог и мајка на три деца.

43

Сите родители повремено се нервираат и губат нерви со децата. Тоа значи дека повременото кревањето на гласот е речиси неизбежно.

Ова важи дури и за експертите за родителство, како Беки Кенеди, детски психолог обучен на Универзитетот Колумбија.

Кенеди, мајка на три деца, признава дека и таа може да се најде во ситуација да им го крене гласот на своите деца, на пример, кога тие одложуваат да се облечат за на училиште наутро, поради што таа доцни на работа.

„Доаѓа момент кога не можам повеќе да издржам и го кревам гласот: „Што ти е? Никогаш не слушаш! Толку си себичен, поради тебе доцнам. Ти ме претвораш во чудовиште. Зошто не можеш да послушаш првиот пат?“, вели таа во поткастот „Шоуто на Тим Ферис“ (The Tim Ferriss Show).

Иако повремено кревањето глас е разбирливо, Кенеди предупредува дека таквите испади можат да имаат долготрајни негативни последици. Малите деца често не прават разлика помеѓу моментален излив на гнев и посериозна ситуација и може да го доживеат тоа како постојана закана.

Дополнително, чувствата на срам и вина кои родителите ги чувствуваат откако ќе го кренат гласот може да предизвикаат нелагодност, што пак води до дополнителни испади, пишува психологот Емили Едлин во Psychology Today.

Како да се извините откако ќе го кренете гласот

Многу е важно брзо да се извините и да ги именувате чувствата поради кои изгубивте контрола, вели Кенеди.

Овој процес се нарекува “поправка”. Служи да му покажете на вашето дете дека го сакате, дури и кога сте лути и да моделирате одговорно однесување.

„Ја преземам одговорноста за моето однесување“, објаснува Кенеди. „Му кажувам на детето приказна која му помага да разбере што се случило и што ќе правам поинаку во иднина.

На пример, Кенеди предлага да кажете: „Еј, ти викав пред малку. Тоа веројатно те исплаши. Ти не си никогаш виновен/виновна кога го кревам гласот. Работам на тоа да останам смирена, дури и кога сум фрустрирана, извини.”

Да му кажете на детето дека не е нивна вина што сте го кренале гласот не значи дека неговото лошо или непочитувачко однесување е оправдано, забележува Кенеди.

Наместо тоа, им помага да научат дека не се одговорни за туѓите постапки, без разлика дали се добри или лоши.

„Кога моето дете не слуша и утрото се одолговлекува, се чувствувам фрустрирано“, вели Кенеди. „Да му кажам на детето: „Ме тераш да врескам, ме претвораш во чудовиште“, всушност го прави одговорно за мојата способност да управувам со сопствените емоции“.

Како да спречите ненадејни изливи на гнев

Родителите кои забележуваат дека се склони кон неочекувани изливи на гнев треба да поработат на препознавање на предизвикувачите на фрустрации, советува Кенеди.

Ова може да им помогне да застанат и да се смират пред да го кренат гласот.

На пример, можете да му кажете на вашето дете: „Еј, јас сум фрустрирана. Земам воздух, одам на пауза и се враќам“.

Управувањето со сопствените емоции пред децата може да биде предизвик, но носи награди на долг рок.

Повеќе