Љубовта навистина оди низ желудникот, потврдуваат и истражувањата

Анкета спроведена меѓу 2.000 Американци покажала дека храната е универзален јазик на љубовта за речиси две третини од испитаниците, додека речиси половина од анкетираните сакаат да ги изненадат своите најблиски со вкусен оброк. Дури 53 проценти од нив, со зготвениот оброк сакаат да порачаат „Те сакам“, да изразат благодарност или да утешат сакана личност.

124

Секој ја слушнал изреката дека љубовта оди низ желудникот, но оригиналната изрека е всушност малку поинаква и вели „патот до срцето на мажот е низ желудникот“.

Иако потекнува од традиционално време кога жените биле првенствено домаќинки и готвачи за своите мажи, кои се поподготвени за романса по добар оброк, истата врска помеѓу храната и романсата важи и за женскиот пол.

– Човек не може добро да размислува, добро да сака или добро да спие ако претходно не јадел добро – е позната реченица од Вирџинија Вулф, една од многуте автори кои пишувале за врската помеѓу храната и љубовта.

Низ многу култури, храната и романсата се тесно испреплетени. Затоа, додворувањето за време на вечера, што е социјална навика, не е сосема бесмислено.

Покрај тоа, една студија покажала дека ако нарачате и десерт, имате поголеми шанси за романса. Сè има врска со хормоните на среќата: допаминот, серотонинот, окситоцинот и ендорфините кои се фантастична четворка хормони кои се директно одговорни за чувството на среќа. А познатата готвачка Џулија Чајлд еднаш рекла дека „Луѓето кои сакаат да јадат се најдобрите луѓе“.

Сè е поврзано со нашата природна хемија на телото. Слатките вкусови го зголемуваат нивото на допамин, хемиско соединение во мозокот одговорно за „страсна љубов“. И останатите два хормони на среќата, серотонинот и ендорфинот, исто така се ослободуваат повеќе откако ќе изедете нешто благо, како чоколадо. А окситоцинот, пак, се ослободува кога ќе прегрнете сакана личност. Некои видови храна заслужено се нарекуваат „љубовна храна“ или афродизијаци. Пиперки, краставици, лути пиперки, остриги, чоколадо, шафран, женшен, семки од тиква, авокадо, јаткасти плодови, лук, ѓумбир, јајца, јагоди се само некои од посакуваните состојки во менито бидејќи го загреваат телото, а чаша црвено вино ќе ја заокружи љубовната приказна.

Како што можете да видите, љубовта и храната имаат многу заедничко. Првенствено, тие нè прават среќни.

Првите состаноци и познанства често се случуваат во ресторан или со вкусни закуски. Закуските се исто така со нас кога претставуваме нов партнер на семејната маса, а со заедничко подготвување на оброк, паровите често поминуваат квалитетно време заедно. Студија стара повеќе од 30 години покажала дека заедничките активности како што е готвењето го зголемуваат задоволството од бракот (Ортнер и Манчини 1990).
Од самиот почеток, важно е да се знае што сака другата страна и какви се нејзините навики во исхраната, бидејќи ова се покажува како важен детаљ во врската. На пример, дали едната страна се храни здраво, додека другата живее на брза храна? Па, ова може брзо да доведе до ситни расправии. Исто така е важно да се знае дали лицето јаде месо.

Но, тоа не е сè. Веројатно знаете дека постојат повеќе јазици на љубовта – а храната е исто така еден од начините за изразување на љубов.

Храната зближува и поврзува

Со заедничко подготвување оброк, паровите се смеат, учат и се запознаваат, а оброкот- изненадување или романтичната вечера исто така може да имаат позитивно влијание врз врската. Анкета спроведена меѓу 2.000 Американци покажала дека храната е универзален јазик на љубовта за речиси две третини од испитаниците, додека речиси половина од анкетираните сакаат да ги изненадат своите најблиски со вкусен оброк. Домашниот оброк е на листата на омилени, иако некои сакаат да подготват мезе или десерт. Со вкусен оброк, дури 53 проценти од анкетираните сакаат да порачаат „Те сакам“, да изразат благодарност или да утешат сакана личност.

Затоа, за многу луѓе е многу важно нивниот партнер да знае што сакаат, а што не сакаат да јадат и кое е нивното омилено јадење. Исто така, мислиме дека е многу убаво кога некој ќе нè изненади со омиленото јадење – или кога ќе се договриме да го подготвиме заедно со нашиот партнер. Тогаш залаците се уште послатки. На крајот на краиштата, сте вложиле труд и сте внесле љубов во подготовката, а тоа е најважното нешто. Напорот се памети и се брои.

Повеќе