Која е стратегијата што магично ги поттикнува децата да јадат овошје и зеленчук

Интересно е што овој метод се покажал како поефикасен од ветувањето десерт или закани со казна.

41

Да ги натерате децата да јадат зеленчук може да биде полесно отколку што мислите; сѐ што е потребно е малку имагинација. Експертите за однесување открија иновативна стратегија која им помага на децата со ентузијазам да посегнат по овошјето и зеленчукот.

Интересно е што овој метод се покажал како поефикасен од ветувањето десерт или закани со казна.

Приказни за магичните својства на зеленчукот и овошјето

Германскиот психолог Вернер Зомер и неговиот тим смислиле бајки во кои овошјето и зеленчукот имаат магични својства. Нивното истражување покажало дека само 20 минути раскажување на такви приказни може да предизвика интерес кај децата за овие здрави намирници.

Студијата, објавена во февруари во списанието Appetite, била спроведена на Универзитетот Хумболт во Берлин во соработка со Универзитетот во Најроби.

Целта на истражувањето била да се пронајдат техники за родителство кои ги поттикнуваат децата сами да донесуваат одлуки за здрава исхрана.

Истражувачите собрале 80 деца од градинка и ги поделиле во две групи. Една група слушала приказна во која главниот лик победил болест благодарение на зеленчук со магични својства. Втората група слушал слична приказна, но без никакво спомнување на храна.

Секој ден во текот на две недели, на децата им се нудел избор на закуски: овошје, зеленчук, колачи или кекси, сите послужени на ист послужавник.

Изненадувачки резултати
Резултатите биле импресивни. Дури 80% од децата кои слушале приказни за магичен зеленчук избирале повеќе овошје и зеленчук, дури три недели по завршувањето на студијата.

Децата од втората група, кои не слушале приказни за храна, не покажале промена во нивните навики во исхраната.

„Една приказна која трае само околу 20 минути може да има силно влијание врз промената на преференциите, од нездрави грицки до здрави овошја и зеленчук“, изјавил Сомер за New Scientist во октомври 2024 година, кога е објавен прелиминарниот извештај.

Бајките не се само забавни, туку ги обликуваат ставовите и перцепциите на децата.

Истражувачите веруваат дека раскажувањето приказни за магичните својства на храната им помага на децата да ги поврзат овошјето и зеленчукот со позитивни искуства и авантури, што ги прави попривлечни за нив.

Зомер и неговиот тим нагласуваат дека ваквите стратегии се клучни уште на рана возраст, кога се формираат навиките во исхраната.

Во време кога нездравата исхрана станува глобален проблем, наоѓањето креативни начини за поттикнување здрава исхрана уште од најраните години има потенцијал за големо влијание.

Повеќе