Драстично е намален бројот на жени кои сакаат деца: Ново истражување ги изненади гинеколозите
И без посебни статистики и информации можеме да кажеме дека бројот на лица кои одлучуваат дека не сакаат да станат родители е сè поголем. Но, засега никој не може да каже дали треба да бидеме загрижени поради ова…
Дефинитивно е во пораст бројот на парови или луѓе кои одлучуваат да немаат деца, или да станат родители. Не треба да бараме некоја посебна статистика за тоа, само погледнете наоколу. Ова, се разбира, не се ниту веродостојни ниту научни факти, но сепак можеме да заклучиме некои тенденции. Во Шведска, пак, решиле да направат мала студија на оваа тема и бројките ја потврдија тезата.
Истражувањето беше спроведено на Универзитетот во Упсала, а го предводела докторката-гинеколог Цериса Оберн.
Резултатите покажале дека една од четири жени или не е сигурна или воопшто не сака да има деца. Авторите на студијата биле особено изненадени од овие бројки поради фактот што тие претставуваат голем пораст во споредба со оние од 2014 година, кога само една од десет жени го изјавувала ова.
Новата студија се заснова на анкети на кои одговориле 596 жени кои ја посетиле гинеколошката клиника во Упсала. Најголем дел од испитаничките биле студентки, а просечната возраст била 24 години. Додека во 2014 година, кога била спроведена слична студија, дури 91% од пациентките изјавиле дека сакаат да имаат деца, истражувањето со понов датум покажало дека таа бројка е сега 75%.
„Една од четири жени не сака деца или не е сигурна дали сака да има деца – тоа е многу висок процент“, рече Цериса Оберн. „Веќе знаеме дека наталитетот паѓа, но не знаевме дали тоа може да се објасни со други фактори, како што се проблемите со плодноста. Нашата студија покажува дека е можно жените едноставно да не сакаат да имаат деца, и дека тоа може да се должи на неизвесноста за иднината, бидејќи светот стана помалку предвидливо место во последните години.
Одреден процент од жените дадоа и описна причина зошто не сакаат да имаат деца, а авторите на студијата ги поделија причините во пет категории: Тие не сакаат да имаат деца или да станат родители.
Тие не сакаат да ја пренесат својата болест на своето дете.
Ја ценат својата слобода.
Имаат економски причини.
Загриженост за пренаселеноста или неизвесната иднина на светот „Добро е што сега имаме малку подобра идеја за тоа како размислуваат. И, исто така, добро е политичарите да знаат, за да можат да одговорат на овие причини зошто жените не сакаат да имаат дете“, рече Оберн.
Сепак, тие не користат кондоми.
Студијата вклучи и други прашања за сексуалните односи, од кои едно беше употребата на кондоми при првиот сексуален однос. Истата статистика на овој Универзитет се води од 1989 година, а тогаш само 40% изјавиле дека користеле кондоми. Сепак, после тоа, имаше период во кој процентот на употреба на кондоми се зголеми – помеѓу 1999 и 2014 година. Меѓутоа, во најновата студија, процентот на употреба на кондоми при првиот секс падна од 71% на 60%.