Научно докажано: Врската помеѓу мајка и ќерка е посилна отколку што се мисли

Ако вашата мајка е сè уште првата личност на која ѝ се јавувате кога имате проблем, не сте единствени, а науката има објаснување зошто.

55

Според истражување објавено во „Journal of Neuroscience“, односот мајка-ќерка е најсилната врска меѓу сите комбинации родител-дете, барем кога се набљудува како мозокот ги обработува емоциите.

Иако односите меѓу мајките и синовите, татковците и ќерките, како и меѓу татковците и синовите, честопати се полни со љубов и поддршка, истражувачите откриле дека емоционалното разбирање е подлабоко кај мајките и ќерките.

Причината за ова, велат научниците, лежи во хемијата на мозокот.

Во студија спроведена на 35 семејства, откриено е дека делот од мозокот што ги регулира емоциите е многу посличен кај мајките и ќерките отколку кај која било друга комбинација родител-дете.

Ова значи дека мајката полесно ќе разбере низ што поминува нејзината ќерка, бидејќи буквално може да се стави во нејзините чевли. Можеби тоа објаснува зошто понекогаш толку многу се карате.

Мајката како емотивен барометар
Ова откритие има пошироки импликации, особено кога станува збор за менталното здравје. Водечкиот автор на студијата, професорката по психијатрија Фумико Хофт од калифорнискиот универзитет во Сан Франциско, истакнала дека токму овој дел од мозокот што го делат мајките и ќерките е поврзан со депресијата.

Со други зборови, ако вашата мајка имала искуство со депресија, постои поголема шанса дека ќе ја наследи и ќерката, но добрата вест е дека ова знаење може да се искористи за превенција и навремено дејствување.

Хофт додава дека оваа студија е прва што користи МРИ технологија за проучување на структурата на мозокот низ генерациите.

Во иднина, ваквите истражувања би можеле да помогнат во подобро разбирање на наследните обрасци кај состојби како што се анксиозност, аутизам, зависност, шизофренија или дислексија.

Зошто мајките ги преферираат ќерките, а татковците синовите?
Покрај ова истражување, други истражувале и силни семејни врски. Едно покажало дека мајките често ги претпочитаат ќерките, додека татковците почесто ги претпочитаат синовите, бидејќи со нив споделуваат заеднички искуства.

Друга студија покажала дека врската помеѓу мајката и ќерката останува најсилна во сите фази од животот, дури и кога се менуваат семејните околности.

Научниците заклучуваат дека оваа посебна врска не е само прашање на чувства, туку е запишана и во мозокот.

Повеќе