Дај ѝ ја сега играчката малку на Петра! Дали децата треба да ги делат играчките?

Замислете дека сте длабоко фокусирани на проект на вашиот лаптоп, но одеднаш мора да престанете да работите и да му го дадете компјутерот на пријателот бидејќи сега нему му дошол редот да работи на него и бидејќи е убаво да се дели.

42

Марија Монтесори оставила длабока трага во доменот на педагогијата, на која ѝ пристапила според современите разбирања и принципи. Познатата Италијанка ги поставила темелите за современата педагогија. Трипати била номинирана за Нобелова награда за мир, добила неколку почесни докторски титули на најважните универзитети во светот и напишала повеќе од 50 книги и прирачници на тема образование и воспитување.

Марија Монтесори, авторка на Монтесори-методата која првично била опишана на почетокот на 20. век, ја набљудувала најмладата генерација за да разбере како учат за светот околу себе и ја создала образовната методологија што се базира на нивните потреби. И денес, многу училишта и детски градинки го применуваат нејзиниот метод и го носат името Монтесори.

Меѓу другото, можеби ќе бидете изненадени од фактот што детските градинки Монтесори не практикуваат делење на играчките. Една од главните причини е што воспитувачите кои ја користат Монтесори методата сакаат децата да прават нешто онолку долго колку што им дозволува концентрацијата, а друга причина е да научат да чекаат, односно, да научат дека чекањето е многу важна животна вештина.

Како што веројатно веќе знаете, да бидете судија помеѓу децата е повеќе или помалку губитничка ситуација. Најчесто, не постои начин кој ќе ги задоволи сите присутни или кој ќе изгледа фер за сите. Често, всушност, не постои начин на кој можеме да дешифрираме што се случило или кој прв ја зел играчката.

Не сте вие виновни, децата едноставно имаат силно и често нерезонирачко чувство за правда. Тие толку сакаат да бидете на нивна страна, а од друга страна, сè уште учат како да ја земат предвид страната на другата личност. Многу од фрустрациите на децата се случуваат токму поради инциденти со давањето и недавањето играчки.

Споделувањето е нејасно

Нема ништо лошо во делењето, тоа е убав концепт и многу важен принцип. Меѓутоа, проблемот е што делењето е нејасно. Не постојат поставени правила, а тоа може да биде прилично збунувачко и фрустрирачко за малите деца.

Замислете дека сте длабоко фокусирани на проект на вашиот лаптоп, но одеднаш мора да престанете да работите и да му го дадете компјутерот на пријателот бидејќи сега нему му дошол редот да работи на него и бидејќи е убаво да се дели. Или замислете дека готвите вечера, но одеднаш мора да го предадете вашиот најдобар нож бидејќи е нечиј ред. Што ако не можете да го носите вашиот омилен фустан бидејќи треба да го делите? Колку би било тоа фрустрирачко? Практично незамисливо бидејќи тоа не е начин на кој функционира светот на возрасните.

Чекањето е важна животна вештина

Играта е детскиот „работен ден“ и понекогаш таа може да биде исто толку фрустрирачка за нив. Многумина ќе се изненадат дека Монтесори-градинките не „практикуваат“ делење. Всушност, децата делат сè што има во градинката, но никој никогаш нема да побара да престанат да прават нешто што го работат бидејќи некој друг сака да си игра со таа играчка. Една од главните причини е што воспитувачите сакаат децата да работат нешто додека им дозволува концентрацијата.

Другиот аспект е дека чекањето е важна животна вештина. Монтесори-градинките имаат една копија од сè, така што децата учат да чекаат или да изберат нешто друго кога она што го сакаат не е достапно. Па така, наместо да им кажуваат на децата да делат, тие имаат едноставно правило: ако некое дете се игра со нешто или работи на нешто, тоа сега не е достапно.

„Кога децата ќе видат дека одреден предмет се враќа на полицата, тие знаат дека можат да го земат. Ретко доаѓаат и не прашуваат дали можат да чекаат за нешто бидејќи правилото е многу едноставно и знаат каков ќе биде нашиот одговор“, вели воспитувачката Кристина Клемер.

Едноставно објаснете дека играчката ќе биде достапна кога другото дете ќе ја заврши со користење, но другото дете може да ја користи колку што сака. Потоа помогнете му на вашето дете да најде да прави нешто друго. Исто така, помага ако покажете разбирање за фрустрацијата со која се соочува детето. Можете да кажете нешто како: „Тешко е да се чека. Утринава јас сакав да се туширам, но мораше да чекам татко ми да заврши со туширањето. Но, чекањето е нешто што сите мора да го вежбаме“. Ова ќе му покаже на детето дека не ги игнорирате неговите чувства, но дека чекањето е дел од животот.

Повеќе