Ај дојди на „админ вечер“! Нов начин на дружење меѓу младите

Треба да ги платите сметките, да закажете преглед, да одговорите на неколку мејлови, а никако да најдете време? Еве еден начин на кој ќе ги завршите овие заостанати обврски, а истовремено и ќе се дружите со пријателите

147

Пријателите доаѓаат кај еден од нив со своите лаптопи, секој носи пијалак или грицки, се палат свеќи за подобра атмосфера – и започнува „админ ноќта“. Нема гласна музика или скокање по барови, туку правење на малите работи што сите ги одложуваме: плаќање сметки, закажување лекарски прегледи, одговарање на е-пошта или откажување претплати. Трендот се прошири на Тик-Ток и Инсстаграм во последните месеци, а идејата е едноставна – претворање на секојдневните обврски во дружење.

@turbotaxcanada

Weekend plans: admin night with friends ✅ Hang, snack, yap, and cross tasks like filing taxes off your to-do list 🤌 If you get stuck, help from a TurboTax expert is available if you need it. Learn more at the link in bio. #Taxes #AdminNight #PartyTheme

♬ Positive 80’s BGM(97640) – waveskey

Во време кога излегувањето е сè поскапо и честопати заморно, „админ вечерта“ звучи како добар компромис за многумина. Наместо „ајде да излеземе“, договорот е „ајде да завршиме работа“. Кога сте во друштво, дури и најдосадните задачи изгледаат полесни: некој ве поттурнува, некој ве потсетува, а некој само седнува до вас и си ја работи својата работа – и одеднаш имате волја да го завршите она што ви е на ум со недели.

Прифатлива алтернатива на излегувањето

Со растечките трошоци за живот, дигиталниот замор и хроничниот недостаток на енергија, многу луѓе не се повеќе подготвени да излегуваат редовно. „Админ вечерта“ е едноставна и евтина: сè се прави во домашна атмосфера, секој носи што сака, а сепак се дружите и разговарате.

Новинарот Крис Колин напиша за феноменот во „Волстрит џурнал“, опишувајќи како ваквите собири им помагаат на луѓето да „се оддалечат од екранот“ и од малите задачи што постојано им висат над главите – само што овој пат ги решаваат заедно, со поддршка и без осудување.

Зошто функционира?
Дел од објаснувањето лежи во феноменот познат како body doubling – ефект во кој самото присуство на друго лице (без надзор и „солење памет“) ви помага полесно да се фокусирате и помалку да одложувате. Оваа техника често се споменува за луѓе со ADHD, но во пракса функционира и за луѓе кои се едноставно преоптоварени со задачи: кога не сте сами, полесно е да започнете – и да завршите.

Накратко, „админ вечер“ е начин пријателствата да се прилагодат на реалноста: наместо уште едно скапо излегување, добивате можност да го направите она што морате да го направите – и во исто време да поминете една вечер со луѓе.

Повеќе