Прашањето зошто се Јапонците се толку успешни често се поврзува со образованието, работната етика и културата. Но, лекарот и претприемач д-р Дритеш Малик нуди поедноставно објаснување: дел од одговорот лежи во навиките што децата ги учат дома, преку домашни работи и мали дневни одговорности.
Тие учествуваат во семејниот живот од рана возраст
Во Јапонија, децата често се охрабруваат да учествуваат во семејниот живот од рана возраст. Тие учат да чистат, да средуваат, да помагаат во кујната и да се грижат за сопствениот неред. Ваквите навики може да изгледаат безначајни, но имаат моќен ефект врз градењето на карактерот. Дете кое мие садови, ја средува својата соба или помага во одржувањето на домот учи дека ниедна работа не е срамна и дека придонесот кон заедницата е важен.
Според Малик, децата кои редовно работат домашни работи развиваат независност, организација, трпение и чувство на одговорност. Тие учат дека животот не е само задоволство, туку и напор, рутина и почитување на заедничкиот простор. Овие мали лекции подоцна стануваат темели на возрасниот живот.
Значи, ако постојано ги штитите децата и не им дозволувате да помогнат во извршување на секојдневни домашни задачи, ќе пораснете неспособни возрасни луѓе кои нема да знаат да функционираат сами.
Премногу заштитените деца секогаш ќе очекуваат некој друг да им ги реши проблемите
Иако Јапонија често се наведува како пример, овој принцип не е ограничен само на една земја. Општествата што ја ценат дисциплината и почитувањето на работата честопати ги вклучуваат децата во домашните работи уште од рана возраст. Спротивно на тоа, премногу заштитените деца може да пораснат очекувајќи другите да им ги решат проблемите. Кога постепено се учат на независност, тие развиваат поголема самодоверба и отпорност.
Пораката до родителите е затоа едноставна: дозволете им на децата да учествуваат во домашните работи што го одржуваат домот во функција. Нека чистат, средуваат, носат и помагаат на мали, но доследни начини. Не како казна, туку како природен дел од растењето.
Целта не е да се одгледуваат деца кои едноставно ги следат упатствата, туку поединци кои можат да размислуваат, дејствуваат и да стојат на свои нозе. Во свет кој често нагласува леснотија и удобност, давањето одговорност на децата може да изгледа како товар. На долг рок, тоа е еден од поважните облици на родителска грижа.