Кога децата треба да го добијат својот прв мобилен телефон?

Ако не чувствувате дека вашето дете е подготвено за сопствен мобилен телефон, немојте да паѓате на тврдењето дека „сите други во училиште“ веќе го имаат. Веројатно не е така, а секако, тоа не е причина да ставите толку моќен уред во детски раце додека не сте целосно подготвени за тоа.

902

Ако желбата на вашето дете за овие празници е да го добие својот прв мобилен телефон, сигурно имате некои прашања за таа пресвртница во неговиот живот.

Експертката за родители Анита Клир, ко-основач на проектот за позитивно родителство и авторка на позитивен родителски водич за вработени родители, работи на давање стручни совети на родителите кои размислуваат да го купат првиот мобилен телефон на своето дете овој Божиќ, пишува порталот Good To Know.

Размислете да му понудите на вашето дете прв пробен мобилен телефон

Ова му дава шанса на вашето дете да покаже дека може да биде одговорно. Исто така, ви дава шанса да разберете како ќе го користи и кои правила треба да ги воведете во врска со употребата на мобилниот телефон.

Утврдете дали можете да го контактирате во секое време

Ако главната причина што му давате на вашето дете мобилен телефон е тоа да може да ве контактира во итен случај, погрижете се да има неограничени повици и пораки. Знаењето дека тие секогаш можат да контактираат со вас ви обезбедува сигурност и вам и нив.

Одредете кој план му одговара на животниот стил на вашето семејство

Начинот на кој децата ги користат своите мобилни телефони може да се промени речиси преку ноќ додека го менуваат училиштето или започнуваат нови активности, затоа немојте да бидете обврзани со долг договор кој нема да биде соодветен по некое време или нема да се прилагоди на променливите потреби на детето.

Започнете со едноставен уред


Децата понекогаш губат работи и лесно ги уништуваат. Не им го дозволувајте најновиот модел на мобилен телефон. Запомнете дека децата учат да бидат одговорни преку вежбање, затоа почнете со едноставна копија и ќе има помалку кавги и многу помалку стрес за вас.

Бидете флексибилни

„Ако е вистинското време за првиот мобилен телефон на вашето дете, нека биде сигурен и едноставен“, советува експертот за родителство Анита Клир. „Ќе сакате да поставите некои правила за користење на нивниот мобилен телефон, но бидете подготвени да ги приспособите со текот на времето – начинот на кој вашето дете го користи ќе се промени, затоа бидете флексибилни и држете го дијалогот отворен.

И ако не чувствувате дека вашето дете е подготвено за сопствен мобилен телефон, немојте да паѓате на тврдењето дека „сите други во училиште“ веќе го имаат. Веројатно не е така. Секако, тоа не е причина да ставите толку моќен уред во детски раце додека не сте целосно подготвени за тоа.

Повеќе