Во напор да подигаат успешни и издржливи деца, многу родители се свртуваат кон строг метод на воспитување. Истражувањата покажаа дека претераното разгалување е лошо за децата, но и строгото родителство има бројни штетни ефекти и врз физичкото и врз менталното здравје на децата. Како што пишува „Тајмс оф Индија“, има неколку потенцијални негативни последици од овој тип на воспитување.
Една од овие последици е стресот. Како што објаснуваат психолозите, децата кои растат со строги родители често се под постојан притисок да направат сѐ како што треба и се плашат од неуспех. Поради ова, тие често можат да бидат под стрес, оптоварени со очекувањата на нивните родители, кои во повеќето случаи не се ниту реални, ниту разумни.
Кај децата кои имаат строги родители, повлекувањето и склоноста кон депресија се исто така чести. Имено, истражувањата покажале дека децата чии родители имаат големи очекувања често избегнуваат дружење со своите врсници, несигурни се и посклони кон лошо расположение и имаат поголем ризик за развој на депресија и анксиозност.