Околу 20% од жените доживуваат некаков облик на крвавење во првото тромесечје од бременоста!

Крварењето во раната бременост е честа појава, особено во првиот триместар, и обично не е причина за загриженост, но бидејќи може да укажува и на некој посериозен проблем, важно е да се јавите кај вашиот лекар за да бидете сигурни дека вие и фетусот сте здрави.

157

Приближно 20% од жените доживуваат некаква форма на крвавење во првите 12 недели од бременоста. Можни причини за крвавење во раната бременост се:

Имплантациско крвавење – најчеста причина за крвавење во раната бременост; се јавува во првите 6-12 дена од зачнувањето и претставува имплантација на оплодена јајце клетка во матката; крвавењето е многу благо и трае неколку часа или денови, помалку од менструацијата;

Спонтан абортус – честа појава во раната бременост, некои жени не ни знаат дека се бремени и дека во меѓувреме имале спонтан абортус затоа што мислат дека имаат менструација со посилни болки во долниот дел на стомакот;

Ектопична бременост – ембрионот се всадува надвор од матката, најчесто во јајцеводот и како што расте, ја загрозува мајката поради можна руптура на истиот;

Моларна бременост – многу ретка состојба кога абнормално ткиво расте во матката наместо ембрион, што предизвикува, покрај крвавењето и сериозни мачнини и повраќање;

Промени во вратот (грлото) на матката
Инфекција на грлото на матката или вагината.

Ако забележите симптоми како што се крвавење и болка во раната бременост, веднаш побарајте лекарска помош. Најверојатно нема ништо загрижувачки бидејќи овие симптоми се вообичаени во раната бременост, но неопходно е да се исклучи можен спонтан абортус или ектопична бременост.

Повеќето спонтани абортуси не можат да се спречат и обично се начин на телото да се справи со нездрава бременост која не се развива правилно. Спонтаниот абортус не значи дека жената никогаш нема да може да има здрава бременост во иднина.

Кога ќе се открие ектопична бременост, лекарот препишува метотрексат, кој ќе го запре растот на ембрионот и ќе го спречи натамошниот процес на бременоста. Ако терапијата со метотрексат не успее (иако обично само една инјекција е доволна), следниот чекор е хируршка интервенција, обично лапароскопска, како единствена преостаната опција за отстранување на ембрионот поставен во животозагрозувачка положба за жената. По ектопична бременост, жената сè уште има шанса да роди здраво дете, но треба да се напомене дека шансите за повторена ектопична бременост се поголеми.

Понекогаш причината за крвавењето во раната бременост не е позната и бременоста се развива нормално без никакви компликации.

Важно е да се знае дека во случај на крвавење, жената не користи тампони или било што што треба да е ставено во вагината, туку обични влошки со кои може полесно да се следи колку крвари.

Повеќе