Што беше тоа добро воспитано дете? Во која земја однесувањето на децата е главен приоритет?
Возрасните во САД најретко ќе кажат дека убавото однесување на децата е особено важен квалитет. Поточно, само 52 отсто од нив го велат тоа, се вели во извештајот објавен овој месец од Кралскиот колеџ во Лондон.
Да се имаат добро воспитани деца беше императив за нашите родители. Ова, односно да се има убаво воспитани деца е често една од ставките на списокот со желби на родителите. Сепак, не мислат сите дека е тоа една од најважните работи. Возрасните во САД најретко ќе кажат дека убавото однесување на децата е особено важен квалитет. Поточно, само 52 отсто од нив го велат тоа, се вели во извештајот објавен овој месец од Кралскиот колеџ во Лондон.
Тоа е значителен пад од 1990 година, кога 76% од возрасните во САД изјавувале дека е многу важно како се однесуваат децата, покажуваат податоците. Исто така, по ова прашање, САД се остар контраст со Египет, земја каде што 96% од испитаниците рекле дека доброто однесување треба да биде главен приоритет на родителите.
Нигерија е на второ место со 89%, а потоа следат Мароко со 88%. Велика Британија, не е далеку, со 85% од испитаниците кои велат дека доброто однесување е од суштинско значење.
Извештајот користел податоци од едно од најголемите социјални истражувања во светот, World Values Survey и се базира на најновите податоци за 24 избрани земји од 2017 до 2022 година.
За послушноста најмалку се грижат Јапонците
Земја која најмногу ја цени послушноста кај децата е Нигерија со 58%, а следуваат Мексико и Египет со 57%, односно, 56%. Во втората половина на табелата се САД со 21%. Но, земјата која најмалку се грижи за послушноста е Јапонија. Само 3% од возрасните Јапонци изјавиле дека тоа е многу важен квалитет за децата.
Родителите најмногу ја ценат трудољубивоста кај децата. Овој квалитет е важен за 81% од возрасните Полјаци и 76% од возрасните Руси и 68% од родителите во САД. Од друга страна, Норвежаните (19%) и Швеѓаните (8%) најмалку ја ценат трудољубивоста.
Квалитет што родителите многу го ценат е независноста на децата. Тоа е важно за 85% од Норвежаните и 56% од Американците, како и за 14% од Египќаните.
Некои други вредности кои родителите сакаат да ги развијат кај своите деца се имагинацијата, вербата, толеранцијата и почитта кон другите.