Во група на Фејсбук каде воспитувачите од Србија споделуваат приказни од училиште, се појавил и состав на едно момче кој воодушевил многумина.
Српската наставничка ја споделила писмената задача на основец, со дозвола на неговата мајка, се разбира, анонимно, за да им покаже на другите родители колку се далеку од своите деца и колку сакаат да се чувствуваат важни и вредни барем за момент. Така, едно момче кое веројатно копнее за вниманието на своите родители посакало да биде – телевизор.
Темата на задачата била: „За што копнеам и што би побарал од Бога да ми даде“, а едно момче посакало да биде она што го окупира вниманието на секое просечно домаќинство – а тоа е телевизијата, а како што вели момчето „Би можел да се дружам со својот татко кога ќе се врати од работа, дури и ако е уморен“.
Составот на ученикот беше едноставен, аргументиран и пред сѐ, запрепастувачки, вели професорката.
„Боже, вечерва те молам нешто што навистина го сакам. Сакам да станам ТВ! Сакам да бидам на местото на телевизорот во мојата куќа, да имам свој простор, да го имам семејството околу мене и внимателно да ме слушаат кога зборувам. Сакам да бидам во центарот на вниманието и да ме слушаат без прекини или прашања. Сакам да се грижат за мене како за телевизор. Кога би бил телевизор би можел да се дружам со татко ми кога ќе се врати од работа, дури и ако е уморен. И сакам мама да сака да биде со мене кога е тажна и вознемирена, наместо да ме игнорира… Сакам браќата и сестрите да се караат околу тоа кој ќе поминува време со мене. Сакам да чувствувам дека моето семејство одвреме-навреме става сè настрана, само за да помине малку време со мене. И конечно, би сакал сите да ги направам среќни и радосни. Боже, не барам многу. Само сакам да бидам како телевизор!“
Кога наставничката додека ги оценувала задачите, дошла до овој состав, таа заплакала.
Нејзиниот сопруг, кој штотуку влегол во куќата, ја прашал: „Што се случува?“, а таа одговорила: „Прочитај го овој состав напишан од еден мој ученик“. Откако прочитал, сопругот рекол: „Боже мој, кутро дете! Какви рамнодушни родители се тие!“ Учителката го погледнала и рекла: „Ова е составот на нашиот син!
Под објавата имало коментар дека оваа приказна (веројатно се мисли на последниот пасус) е од едицијата „не се случило“, но дека дури и ако ова е плод на нечија фантазија е секако поука за сите нас. И да, навистина сите ние, без разлика дали сме млади или стари, понекогаш се чувствуваме осамено и посакуваме да бидеме телевизор барем на кратко.
Текстот е од ТУКА.