Реченици со кои киднаперите ги наведуваат децата да одат со нив

„Деца, во кутија имам мачиња без мајка. Дојдете, ќе ви ги покажам, многу се слатки. Можете да ги галите или да земете некое ако сакате“, е само една од речениците со кои се служат киднаперите

620

Неодамна, во германскиот град Боблинген во Германија е спречено киднапирање на две 10-годишни момчиња кои ги спасиле случајни минувачи.

Имено, 51-годишен маж се обидел да вовлече во автомобил две 10-годишни момчиња кои оделе на училиште. За среќа, двајца минувачи ги слушнале нивните повици за помош. Како што пишува Билд, мажот кој управувал сив Фолксваген Т5, чии задни стакла биле покриени со сребрена фолија за да не се гледа ништо внатре, бил приведен од полицијата.

За среќа, овој случај завршил со среќен крај, но има безброј други за чиј исход не сакаме ни да сонуваме. Затоа, важно е навреме да се предупредат децата за опасноста и да им се објасни како да се однесуваат во слична ситуација. Порталот „Оаза на знаењето“ дава неколку примери на дијалози смислени од киднапери на деца:

„Девојчиња, во кутија имам мачиња без мајка. Дојдете, ќе ви ги покажам, многу се слатки. Можете да ги галите или да земете некое ако сакате“.

„Сакаш да ти покажам слика од моето зајаче? Види, тоа е вистинско зајаче. Дојди со мене, ќе ти дозволам да го подржиш во раце“.
„Дали сакаш сладолед, момче? Имам полн фрижидер, моите роднини беа на гости па мораа да си заминат. Сладоледот ќе се стопи, не знам што да му правам. Жал ми е да го фрлам. Дали го сакаш?”.

„Еј, девојчиња (момчиња) – вика непознат маж од кола – како да дојдам до таа и таа улица? Се вртам два часа и сите ми велат дека е тука. Одам таму, а потоа ме упатуваат во друга насока. Влези во кола и покажи ми ја улицата, те молам. Ќе ти платам десет евра. И ќе те вратам овде. Седни, не се плаши…“

„Конечно те најдов! Се возам наоколу неколку часа. Соседите на твоите родители ме замолија итно да те најдам и да те однесам во болница. Мајка ти не е добро, таа е во болница. Влези во кола, ќе те одведам кај неа“.

Како треба да се однесува детето во случај на потенцијално киднапирање?

Веднаш да се сврти, да се оддалечи од таа личност и да оди таму каде што има луѓе.
Во случај на деца под три години, генерално е подобро да се исклучи каква било можност за средба еден на еден со непознато лице. На оваа возраст децата создаваат доверба кај луѓето, а опозицијата „добро-лошо“ сè уште не постои.
Ако странец му нуди слатки на дете, мора да биде јасно: земање подароци, слатки, сувенири од непознати НЕ Е ДОЗВОЛЕНО!

Повеќе