Како да постапите кога вашето дете ве обвинува дека не го сакате? Реагирајте од нивна перспектива, а не од ваша!

Агресијата и гневот се гласници на незадоволeни потреби, а колку подолго потребите остануваат незадоволeни – гласниците стануваат посилни

168

Мајчинството е најважната работа на светот, а улогата на мајката во никој случај не е лесна, без разлика колку е исполнета со убави искуства и емоции. Одгледувањето и воспитувањето на детето понекогаш е потешко од астрофизика, а на тој пат и двете страни често се повредени. Една од најтешките реченици за слушање е дефинитивно: „Мамо/Тато, ти мене не ме сакаш“ – во тој момент светот пропаѓа и се чини дека сме потфрлиле како родители, бидејќи ако нашето дете не ја чувствува нашата љубов, сигурно правиме нешто погрешно.

Тогаш сме склони да направиме грешка, а најголемата грешка што можеме да ја направиме е секако недоволно валидирање на емоциите на детето; толку сме фокусирани на тагата што ја чувствуваме ние, што често го занемаруваме она што детето го чувствува.

Како да пристапиме?
Никогаш не можеме да го доживееме искуството на некој друг, дури и ако тоа е наше дете. Кажувањето некому дека неговите чувства се погрешни, му кажува дека секогаш ќе има некој кој знае подобро од нив, дури и кога се во прашање нивните емоции.

Сакате да воспитувате деца кои веруваат во себе и во своите срца; деца кои знаат кога нивните потреби се задоволени, а кога не и кои активно се трудат да бидат емоционално исполнети.

Кога ќе му кажете на вашето дете дека „не е во право, бидејќи мама го сака до месечината и назад“, тоа го кажувате за да го смирите вашето болно срце, за да се чувствувате подобро во присуство на чувствата на вашето дете. Ублажувањето на вашата болка е акција на благослов и постои време и место да го смирите своето срце, но не како одговор на изјавата на вашето дете.

Кога реагираме на сѐ што ќе кажат нашите деца, сакаме да бидеме сигурни дека одговараме на она што тие го зборуваат од нивна, а не од наша перспектива. Ова е дело на емпатија.

Студиите од целиот психолошки спектар ги покажуваат ефектите на емпатијата врз човечката душа, врз врските и секако – врз воспитувањето на децата. Кога нашите сакани сочувствуваат со нас, ние се чувствуваме видени и слушнати; се чувствуваме потврдени, почитувани за нашите потреби и чувства и прифатени такви какви што сме во даден момент; добиваме шанса да дознаеме кои сме навистина, што ни е важно, што не поттикнува.

Проблемот е што начинот на кој емпатијата се прикажува и користи не е вистинска емпатија.

Поставете му ги на вашето дете следниве прашања: „Не мислиш дека те сакам сега, зошто, какво е чувството кога си велиш дека не те сакам?“, „дали се чувствуваш исплашено?“, „дали е ова првпат кога се чувствуваш вака?“.

Во зависност од возраста и повратните информации на вашето дете, дознајте какво е неговото искуство и разговарајте за тоа.

Не бегајте од зборовите
Запознајте го вашето дете и неговото срце. Не се плашете од неговите зборови и не се плашете од неговите чувства, бидејќи сè што се обидува да направи е да ви даде до знаење дека има некои незадоволени потреби, пренесува Parentsenlight.

Агресијата и гневот се гласници на незадоволени потреби, а колку подолго потребите остануваат незадоволени – гласниците стануваат посилни.

Повеќе