Дали белите шумови се безбедни за бебињата?

Американската академија за педијатрија препорачува уредите за бучава да се чуваат седум метри подалеку од местото каде што бебето спие.

149

За родителите, сè што може да им помогне на бебињата да спијат е добредојдено. Белите звуци, кои потсетуваат на звуците од утробата, понекогаш може да им помогнат и на возрасните да заспијат порано, а исто така се корисни и за бебињата сѐ додека родителите ги користат правилно.

Иако уредите кои емитираат бели шумови се присутни веќе неколку децении, популарност во последниве години им порасна бидејќи им помагаат на бебињата да заспијат побрзо и да спијат подолго. Студијата објавена во 1990 година во „Archives of Disease in Childhood“ покажала дека од 40 бебиња, 80 проценти заспале во првите пет минути од слушањето на бел шум.

Според педијатарката Даниел Грант, белиот шум може да ги смири бебињата и да блокира некои звуци од домаќинството, што може да го намали плачењето и да им помогне да заспијат.

„Тоа им овозможува да се фокусираат на еден звук наместо на бучавата што можеби ја создаваат другите деца во семејството, тропањето на тенџериња и тави и слични работи“, вели Грант за Today.

Кои се ризиците од белите шумови?
Белиот шум може да биде корисен, но Грант вели дека е важно родителите да се уверат дека уредот што го емитува е поставен на вистинската јачина.

Целното ниво на бучава за повеќето новороденчиња е под 50 децибели. Бидејќи некои од овие уреди може да емитуваат ниво на децибели многу повисоко од 50, се препорачува родителите да ја прилагодат поставката за децибели или да го постават уредот неколку метри подалеку од креветчето на бебето. Американската академија за педијатрија препорачува уредите за бучава да се чуваат седум метри подалеку од местото каде што бебето спие.

На крајот, одлуката дали да се користи или не бел шум зависи од тоа дали чувствувате дека му помагаат на вашето бебе или не. Според Грант, некои бебиња можеби едноставно не ги сакаат.

Повеќе