Што се подразбира под терминот gaslighting? Еве кои се знаците дека сте биле жртва на психолошка манипулација во детството или во врската

Gaslighting е термин кој се употребува за облик на манипулирање со кој друго лице се доведува до тоа да ја преиспитува сопствената реалност. Gaslighting манипулацијата е форма на емоционална злоупотреба која често се случува во насилни врски, но може да биде присутна и во други облици на односи. Затоа, може да се случи и меѓу роднини, „пријатели“, колеги од работа, па дури и со сопствените деца.

351

Терминот „gaslighting“ доаѓа од насловот на филмот „Gaslight“ од 1944 година, во кој мажот се обидува да ја убеди својата сопруга дека е ментално болна за да може да краде од неа. Терминот почнал да се користи дури во 2010-тите за опис на психолошка манипулација.

Па така, гаслајтинг се однесува на форма на психолошка злоупотреба во која насилникот или манипулаторот намерно создава лажни приказни и наративи. Тоа предизвикува жртвата да ги преиспитува своите проценки, перцепцијата на реалноста, па дури и разумот, што доведува до несигурност, намалена самодоверба и зависност од манипулаторот. Во суштина, станува збор за метод со кој насилникот ја контролира жртвата и се става во позиција на супериорност.

Gaslighting е термин кој се употребува за облик на манипулирање со кој друго лице се доведува до тоа да ја преиспитува сопствената реалност. Gaslighting манипулацијата е форма на емоционална злоупотреба која често се случува во насилни врски, но може да биде присутна и во други облици на односи. Затоа, може да се случи и меѓу роднини, „пријатели“, колеги од работа, па дури и со сопствените деца.

Овој вид на манипулација може да предизвика анксиозност, депресија и проблеми со менталното здравје кај жртвата. Затоа, многу е важно да знаете како да го препознаете и адекватно да реагирате на него, за да го зачувате сопственото ментално здравје.

Како родителите им прават „гаслајтинг“ на своите деца?


Вообичаено е родителите да го прават ова со своите деца до тој степен што тоа може да се смета за нормално однесување.
Наместо да им дадат сигурност што им е потребна на нивните деца за да се справат со тешките емоции, родителите честопати прибегнуваат кон неискрени или нецелосни објаснувања.

Иако можеби не го направиле тоа злонамерно, пораките што ги пренесуваат може значително да му наштетат на развивањето на чувството за себе кај детето. Гаслајтингот станува емоционална злоупотреба кога нема емпатија, чувствителност и сочувство.

Отфрлајќи ја детската реалност и наметнувајќи ја својата, родителите несвесно воспоставуваат доминација над мислите и чувствата на детето, игнорирајќи ги вистинските искуства на детето.
Децата, поради својата зависност од родителите, се особено чувствителни на гаслајтинг. Тие не го имаат целосно формирано својот идентитет и веројатно ќе се посомневаат во сопствените искуства за да се усогласат со тврдењата на нивните родители.

Овој сомнеж во себе продолжува додека тие растат, што доведува до низа негативни исходи како што се недоверба кон себе и другите, недостаток на самодоверба и постојани обиди да се докажуваат.


Знаци дека родителот применува гаслајтинг
Како возрасни кои можеби доживеале ваква намипулација од нашите родители, важно е да размислиме дали сме продолжиле со слично однесување со нашите сопствени деца. Вообичаените знаци на гаслајтинг вклучуваат:

не се обрнува внимание на она што детето го зборува
негирање на значењето на зборовите на детето и отфрлање на неговите грижи или прашања
користење на погрден јазик
поништување на ветувањата или непочитување на напорите на детето.

Иако може да биде примамливо да ги игнорирате или набрзина да одговорите на прашањата на вашето дете, тоа може да значи омаловажување и непочитување. Одвојувањето време за давање внимателни и сочувствителни одговори е од клучно значење за поттикнување на здрава врска родител-дете.

Некои вообичаени фрази можат да бидат психолошки штетни, како на пример „Ти треба помош!“ или „Секогаш ги извртуваш работите!“. Овие забелешки ги поткопуваат искуствата на детето и можат да ја ослабат врската на приврзаност помеѓу родителот и детето.

Повеќе