Три начини на кои родителите милениумци поинаку ги одгледуваат своите деца

Родителите-милениумци, меѓу кои генерално се сметаат оние на возраст меѓу 28 и 43 години, се склони кон родителски методи кои се разликуваат од стиловите на минатите генерации.

146

Сите родители ги сакаат своите деца и имаат најдобри намери кога станува збор за нивното воспитување. Сепак, критериумите што се користат за да се утврди дали некој е добар родител се менуваат од генерација во генерација, како и помеѓу културите.

Родителите-милениумци, меѓу кои генерално се сметаат оние на возраст меѓу 28 и 43 години, се склони кон родителски методи кои се разликуваат од стиловите на минатите генерации.

Анкетата помеѓу 1.000 родители-милениумци која ја спровела детската болница Лури во Чикаго покажала дека 88 отсто од нив веруваат дека нивниот стил на воспитување е различен од начинот на кој биле воспитувани самите, а 73 отсто веруваат дека прават подобра работа од нивните родители.

Ова се трите практики во одгледувањето кои ја разликуваат нивната генерација.

Повеќето практикуваат нежно родителство.
Имаат на располагање повеќе информации од која било претходна генерација, па затоа применуваат повеќе знаења и различни методи во одгледувањето.
Поотворени се во однос на менталното здравје.

Повеќе