Ако имате над 50 години, земajте три додатоци во исхраната

Богати со есенцијални витамини, минерали и соединенија, овие додатоци можат да помогнат во подобрувањето на мускулната функција, здравјето на коските и нивото на енергија, кои се клучни за одржување на енергијата и силата.

274


Како што старееме, одржувањето на здравјето и енергијата стануваат сè поважни, особено по 50-тата година од животот.

Додека урамнотежената исхрана и редовното вежбање се клучни за одржување на добро здравје, одредени додатоци во исхраната можат дополнително да придонесат за оваа цел.

Богати со есенцијални витамини, минерали и соединенија, овие додатоци можат да помогнат во подобрувањето на мускулната функција, здравјето на коските и нивото на енергија, кои се клучни за одржување на енергијата и силата.

Без разлика дали се работи за зајакнување на метаболизмот, поддршка на здравјето на зглобовите или зголемување на издржливоста, вистинските додатоци во исхраната можат да играат клучна улога во пoттикнувањето на целокупната виталност како што старееме.

Докторот Мајкл Лејхи, доктор на науки, им препорачува на сите постари од 50 години да ги земаат следните додатоци.

Магнезиум

Магнезиумот е неопходен за здравјето на мускулите, помага во регулирање на мускулните контракции и спречува грчеви. Соодветното ниво на магнезиум може да ја намали вкочанетоста и болката во мускулите, подобрувајќи ја целокупната подвижност и сила.

„Една неодамнешна публикација го нарекла магнезиумот микронутриент кој помага во управувањето со различни физиолошки процеси, од мускулна и нервна функција до производство на енергија.

Кај луѓето над 50 години, магнезиумот е корисен за контролирање на мускулните контракции, зголемување на енергијата и подобрување на кардиоваскуларното здравје”, вели д-р. Лејхи за SheFinds.

Витамин Д

Витаминот Д е неопходен за апсорпција на калциум, кој е неопходен за одржување цврсти коски. Како што старееме, густината на коските се намалува, зголемувајќи го ризикот од фрактури и остеопороза.
„Витаминот Д има корист за здравјето на коските, имунолошкиот систем, мускулната сила и енергијата.

Доволна количина на витамин Д, како во храната, така и во суплементите, може да помогне да се намалат падовите и скршениците, кои се клучни за зголемување на физичката сила во подоцнежните фази од животот“, истакнува докторот.

Омега-3 масни киселини

Хроничното воспаление може да доведе до болки во зглобовите, вкочанетост на мускулите и намалена подвижност, особено со возраста.

Омега-3 масните киселини имаат моќни антиинфламаторни својства кои помагаат во ублажување на овие симптоми, поттикнувајќи подобро физичко движење и намалувајќи ја непријатноста.

Содржани во рибиното масло, омега-3 масните киселини имаат позитивен ефект врз намалувањето на воспалението.

Го подобруваат здравјето на циркулаторниот систем, помагаат при движење на зглобовите и решавање проблеми, што резултира со подобра физичка енергија и добро расположение, заклучува д-р Лејхи.


Повеќе