Била напуштена од мајка ѝ кога имала само 5 години: „Ми кажа дека ѝ го уништив животот и излезе од продавницата“
Марија П., сега возрасна жена, сподели шокантна приказна за денот кога нејзината мајка ја оставила сама во продавница и никогаш не се вратила да ја земе. „Ми нареди да ја чекам до фрижидерот за сладолед, се сврте и замина“
Бројни медиуми во регионот ја пренесоа тажната животна приказна на Русинката Марија П., која мајка ѝ ја напуштила кога имала 5 години. За среќа, оваа денес мажена жена со свое семејство, ја посвоило семејство кое ѝ пружило многу љубов, а своето искуство го објавила јавно.
Марија била напуштена од нејзината мајка кога имала само 5 години.
„Денес сум среќна, мажена жена и мајка на три деца. Но, кога бев дете, никому не му бев потребна. Добро се сеќавам на тој период од мојот живот. И има многу моменти кои упорно се трудам да ги заборавам, но не можам.
Дури кога бев тинејџерка, дознав дека и татко ми не ме сакал. Но, најлошото сеќавање е денот кога мајка ми ме остави сама во самопослуга. Имав само пет години. Еден ден отидовме заедно на шопинг, откако плачев дека сум гладна. Таа ме погледна злобно и ми рече: „Ти ми го уништи животот!
После тоа, строго ми нареди да ја чекам до фрижидерот за сладолед, се сврте и замина. Ми пријде непознат човек и ми понуди да ми купи штрудла со афион, во која долго зјапав. Никогаш нема да го заборавам вкусот на афионот и солзите што ми течеа по лицето. Слатките до ден денес не ги поднесувам, бидејќи нивниот вкус ме потсетува на најлошиот момент во мојот живот: денот кога мајка ми ме остави.
Набрзо се најдов во сиропиталиште. Постојано се надевав дека мајка ми ќе се врати по мене, но залудно. Еден месец пред да бидам посвоена од едно семејство, мајка ми дојде во сиропиталиштето, но не за да плаче, да се извини или да моли за прошка – таа уште еднаш сурово дојде да ми објасни дека моето раѓање ѝ го уништило животот. Ми кажа дека нејзината кариера стагнирала поради мене, дека не може да најде среќа, бидејќи никој не сака жена со дете. Уште тогаш ја молев да не ме остава, но таа се сврте и си замина без трошка сожалување.
Дури сега, после триесет години, можам да ѝ кажам: Ти благодарам што ми даде шанса да пораснам во нормално семејство, каде родителите имаа толку многу љубов што посвоија напуштено дете. Ти благодарам што ме научи, со својата сурова постапка, да ги ценам оние кои ме сакаат и се подготвени да направат се за мене“.