Целиот е лев! Зошто овој израз се користи во негативна смисла?

Скопјанката Оле раскажува како во училиште и дома постојано ја опоменувале да пишува со десната рака, па денес не е сигурна дека би можела да го прави тоа со левата, но сите други работи ги прави со левата рака.

84

Од памтивек постојат предрасуди за левораките луѓе. Главно се сметале за вонредни, во смисла дека се издвојуваат од стандардите, дека се инфериорни во споредба со другите, односно со десничарите. И дека се големо малцинство.

Во минатото имаше многу предрасуди кон левораките и децата често беа принудени да ја користат десната рака како доминантна. На пример, скопјанката Оле раскажува како во училиште и дома постојано ја опоменувале да пишува со десната рака, па денес не е сигурна дека би можела да го прави тоа со левата, но сите други работи ги прави со левата рака. Од секогаш имала проблем со ориентацијата па смета дека можеби причината за ова е повторно тоа што со сила ја правеле деснак. Последните две-три децении тоа многу се промени, па оние родени пред отприлика 20-30 години повеќе не се соочуваат со тие проблеми, а денес има дури и алатки и додатоци дизајнирани за нивните потреби.

Важно е уште од мали нозе да му се даде можност на детето да користи прибор со левата рака. Само така левораките деца, но и возрасните, нема да изгледаат несмасни и ќе бидат во можност да ги промовираат своите многубројни таленти.

Според една кинеска научна студија „леваците се повеќе склони кон криминал отколку деснаците“. Истовремено, соопштено е дека меѓу лицата над 80 години нема леваци, додека кај останатиот дел од населението има околу 10 отсто.

Има научници од други делови на светот кои веруваат дека левата половина од мозокот произведува линеарни, логични информации, додека десната има одлучувачки ефект врз емоциите и расположението на човекот. Ова објаснува зошто левораките се повеќе склони кон шизофренија и страдаат од разни фобии и манична депресија од другите. Наводно, постојат индикации дека левораките почесто креваат рака: самоубиствата меѓу нив се околу три пати поголеми отколку кај деснаците.

Секако, можеме да кажеме дека има секакви истражувања и не треба да им веруваме на сите. Сепак, факт е дека предрасудите кон леваците постојат, повеќе или помалку, насекаде низ планетата. Додуша, денес ги има многу помалку, но не може да се каже дека ги нема.

Што значи самиот термин?

Велат дека Латините при одредувањето на лингвистичкиот поим за ЛЕВО користеле израз кој означувал нешто необично, дури и валкано, додека терминот ДЕСНО го означувал она што е правилно. Имено, латинскиот збор sinistra значел лево, но значел и зло и несреќа, па така леваците станале „злобни“. А Англичаните го зеле зборот „sinister“ од латински, со многу лоша конотација. Од друга страна, на латински зборот dexter значел десно, но и право. Слично е со францускиот (droit/droit), германскиот (recht/Recht) и некои други јазици. Ова може да се толкува и како десно и право се во ред, додека левото не е во ред.
И денес терминот левак во некои јазици (вклучувајќи го и нашиот) звучи прилично пежоративно, односно подразбира несмасност, нефлексибилност, неспособност. (На англиски, на пример, изразот „a left-handed compliment“ има негативна конотација).

Има случаи во кои левораките во христијанството се сметале за „слуги на ѓаволот“. Се разбира и во другите религии и култури постојат предрасуди и суеверија во однос на леворакоста.

Експертите тврдат дека леворакоста е поизразена кај мажите отколку кај жените.

На прашањето која е причината за леворакоста, научниците немаат единствен одговор. Некои веруваат дека тоа дали некој ќе биде левак или деснак се утврдува веќе во пренаталниот период, бидејќи е познато дека во семејства со барем еден родител-левак десет пати почесто се раѓаат леваци.

Како родителите знаат дали нивните деца се леваци?

Велат дека децата многу рано покажуваат дали претпочитаат да ја користат левата или десната рака, дека треба да се внимава со која рака детето црта, држи четка за заби, ја чешла косата, дели карти, фаќа топка, распоредува коцки, турка кола, облекува кукла, брише со гума, која рака прва ја става во ракав кога се облекува итн. Ако детето ја користи левата рака во девет од десет такви ситуации, може да се претпостави дека е левак. Ова се одредува веќе до четвртата или петтата година од животот.

Денес, експертите ги советуваат возрасните да не ги тераат леваците да пишуваат со десната рака, бидејќи тоа може сериозно да го загрози здравјето на децата (се споменува можност за пелтечење и сл.).

Сепак, има случаи кога некој може да биде левак и да пишува со десна рака (велат дека тоа е случај со споменатиот најдобар тенисер во светот Рафаел Надал). Има случаи кога родителите ги принудувале своите деца, кога виделе дека се леваци, да пишуваат со десната рака, што децата го постигнале, иако во други аспекти остануваат леваци. Ова е случај со нашата соговорничка од почетокот на текстот. Има и деца кои подеднакво ги користат двете раце.
Некои тврдат дека леворакоста кај луѓето се зголемува. Научниците продолжуваат да се занимаваат со причините за ова, испитувајќи ги психолошките карактеристики, како функционира мозокот и моториката. Од друга страна, веќе се вклучуваат индустријата и трговијата па се прават ножици за леваци, некои алатки и инструменти, а има дури и гитари за леваци.

И леваците имаат свој ден – 13 август!

Повеќе