Црн петок, ден за семејна забава и шопинг! Како настанал денот кој го слави консумеризмот?

Во 1961 година, експертите за односи со јавноста почнале да работат на промена на имиџот што „Црниот петок“ го имал во очите на јавноста, со цел овој ден да стане синоним за семејна забава и шопинг. Некои дури се обиделе да ја заменат придавката „црно“ со придавката „голема“, но тоа име не се задржало.

88

Кога ќе помислите на „црн петок“ денес, веројатно помислувате на гужви и редици и обиди да зграбиме работи што не ни требаат, само затоа што се на попуст. И тоа е реална слика денес, бидејќи „црниот петок“ стана ден на големи попусти и уште поголеми купувања во светски размери. А историски нема никаква врска со тоа!
Прво, кога ќе ја додадеме придавката „црно“ на датум или ден, едвај помислуваме на нешто добро. Во минатото „Црниот петок“ ималше токму таква мрачна репутација.

Постојат неколку приказни за тоа зошто првиот ден по Денот на благодарноста во Америка, станал „црн“ и сите тие имаат врска со американската историја. Најчестата приказна вели дека официјалната употреба на терминот датира од 1869 година и – нема врска со пазарење!

Тој ден е познат по големиот пад на цената на златото, што создало потреси на пазарот на благородни метали од кој со години закрепнувала американската економија.

Што всушност се случило?
Двајца познати луѓе од Волстрит – Џеј Гулд и Џим Фиск се обиделе да го монополизираат целиот американски пазар на злато. Неколку месеци претходно купувале огромни количини злато од помали акционери, го трупале и на тој начин планирале да влијаат на формирањето на цената на овој благороден метал. За дополнително да се обезбедат во заговорот, тие го вклучиле и политичарот Бос Твид, чија работа била да поткупува функционери на високи позиции, вклучувајќи ги и самите судии.

Иако е доста распространета, приказната дека „црниот петок“ го добил своето име затоа што на тој ден во минатото сопственици на плантажи од американскиот југ продавале робови по намалена цена за да се ослободат од нив пред претстојната зима, е само мит и нема историска основа.

Беше петок, 24 септември 1869 година, кога конечно бил откриен заговорот!

Претседателот Грант дознал за оваа манипулација и му наредил на американското Министерство за финансии да пушти во оптек огромни залихи на злато, што предизвикало пад на цените. Во тој еден единствен ден се направиле и изгубиле богатства, дури и зетот на Грант банкротирал, но целта била остварена – тројката била финансиски уништена, а државата продолжила да ја контролира цената на златото.

А терминот остана…

Како „црниот петок“ стана ден за шопинг?
Првото спомнување на „Црниот петок“ во контекст кој сега е универзално познат е поврзан со Филаделфија во текот на 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Терминот бил измислен од локалните полицајци кои со страв го очекувале овој ден поради огромниот сообраќаен метеж создаден од оние што доаѓаат во градот за рано божиќно купување и за да ги искористат попустите по Денот на благодарноста.

Наводно, терминот „црн петок“ првпат се нашол во специјализираното списание за колекционери на поштенски марки „Американски филателист“ од 1969 година.

Има и други докази кои потврдуваат дека „црниот петок“ првпат се вкоренил во полициските кругови во Филаделфија. Новинарот Џозеп Берет своевремено го искористил „Црниот петок“ во текст за „Вечерњи билтен“ за да го опише сообраќајниот метеж во градот.

„Во раните 60-ти, полицискиот репортер Нејтан Клегер и јас имавме приказна за Денот на благодарноста во Филаделфија. На насловната беше фразата „црн петок“, а ја искористивме за да ја опишеме страшната гужва во центарот на градот“, напишал Берет.

Овој ден не го мразеле само полицајците. Масовното купување и тоа како влијаело на расположението на продавачите и им донело големи проблеми. Односот на бројот на продавачи и купувачи им создал проблеми на сопствениците на продавниците, бидејќи многу вработени сакалеа да го продолжат празникот по Денот на благодарноста со боледување само за да избегнат работа под зголемен обем.

„Црниот петок“ не е толку црн
Со текот на времето, трговците заборавиле на проблемите што ги донел „црниот петок“ и задоволно почнале да си ги тријат рацете, бидејќи приходите во тој ден секогаш биле рекордни, па се продавала дури и стоката што инаку долго време седела во магацинот.

Веќе во 1961 година, експертите за односи со јавноста почнале да работат на промена на имиџот што „Црниот петок“ го имал во очите на јавноста, со цел овој ден да стане синоним за семејна забава и шопинг. Некои дури се обиделе да ја заменат придавката „црно“ со придавката „голема“, но тоа име не се задржало.

На крајот, кога денес ќе ги погледнеме гужвите, грабањето и повремените тепачки што избувнуваат во продавниците за време на „црниот петок“ (верувале или не, во Америка ималоше и смртни случаи во човечкото стампедо до продавниците со попуст!) – некако името остана точно такво какво што треба да биде.

Повеќе