Да се умре од старост?! Што значи оваа формулација?

Во потврдата за смртта на кралицата Елизабета Втора пишувало дека причина за смртта била староста. Во секојдневниот говор, вакво нешто звучи прифатливо. Меѓутоа, од медицинска гледна точка, што точно значи да се умре од старост во 21 век?

310

„Умирање од старост“ е медицински неоснована причина за смрт. Вака формулираната причина за смртта не само што го поставува прашањето како некој починал, туку може да биде и тежок удар за семејството и другите блиски луѓе кои останале без саканата личност.

Во Англија и Велс, водечки причини за смрт се деменцијата и Алцхајмеровата болест, срцеви заболувања, цереброваскуларни заболувања (како што е мозочен удар), рак и Ковид. Други значајни причини за смрт се хронични заболувања на долните респираторни органи, грип и пневмонија.

И „староста“ е меѓу 10-те најчести причини за смрт. Всушност, „староста“ како причина за смрт – покрај нејасниот концепт на „немоќност“ – спаѓа под категоријата „симптоми, знаци и лошо дефинирани состојби“. Токму оваа колективна категорија е меѓу десетте водечки причини за смрт. моментално е далеку под Ковид и, кога се гледа просекот од пет години, и под грип и воспаление на белите дробови.

Староста како причина за смрт низ историјата

Староста како причина за смрт има долга историја. Таа била водечка причина за смрт во Британија во 19 век, заедно со нејасната категорија „пронајден мртов“.

Во средината на 19 век, матичните книги на умрените се преселиле од црквената во секуларните официјални записи. Тоа таму било регулирано со закон од 1836 година.

Тогаш францускиот статистичар и демограф Жак Бертилон објавил клучна работа за класификацијата на причините за смрт. Канадскиот филозоф Ијан Хекинг напишал дека умирањето од што било друго освен она што е наведено како причина на официјалната листа „како што е умирање од старост – е нелегално“. Може да се каже дека ова било малку претерано. Сигурно е дека до крајот на 19 век, да се умира од старост никаде не било нелегално.

Но, наведувањето на прецизна причина за смртта било важно бидејќи тоа е вредна алатка за следење на трендовите на морталитет на различни нивоа на населението.

Така, на крајот „староста“ стана последниот избор за опишување на непознатата причина за смртта. Или се користел во случаи кога некое лице починало од голем број компликации, но не било практично или етички да се изврши обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Неприфатлива причина

Друга причина зошто „староста“ како причина за смрт ретко се користела во 20-от и 21-от век е тоа што не нуди објаснување за семејството.

Истражувањата покажуваат дека семејствата сакаат информации за тоа како починал нивниот близок. Причината за тоа не е само тоа што може да биде корисно за решавање на нивните здравствени проблеми, туку и затоа што им овозможува да ја прифатат смртта на саканата личност.

Непозната причина за смрт може да ја влоши тагата и траумата, особено ако смртта била ненадејна или неочекувана. Утврдувањето како тие умреле е дел од тоа како преживеаните членови на семејството управуваат со својата тага и ги оплакуваат своите мртви.

„Лесна смрт“
Можеби некому му се чини дека барањето дополнителни информации за тоа што ја предизвикало смртта на кралицата на 96-годишна возраст е излишна и морбидна тема.

Можеби можеме да го прифатиме и фактот дека кралското семејство го заслужува правото на приватност да не ги открива интимните детали за смртта на кралицата.

Сепак, конкретната причина за смртта на некој кој живеел привилегиран живот и кој починал на длабока старост може да ни каже многу за тоа како да водиме здрав живот и да планираме „лесна“ смрт.

Повеќе