Дали би се омажиле за својот силувач?

Франка Виола е првата жена што ја привела пред лицето на правдата апсурдната италијанска традиција, одбивајќи да се омажи за својот силувач.

528

Во 1966 година Италија била потресена од храбрите напори на една жена да го оспори постапувањето на својата земја кон жртвите на силување, чија лекција за жал е сè уште важна. Франка Виола станала првата Италијанка која одбила „рехабилитациски брак“ откако претрпела киднапирање и силување. Традицијата во јужна Италија нагласува дека ако девојката биде силувана, таа мора да се омажи за нејзиниот силувач бидејќи само така ќе си ја врати „честа“.

Виола пораснала во Алкам на Сицилија во земјоделско семејство. Во 1963. година, на 15-годишна возраст, таа се верила за Филип Мелоди, внук на член на локалната мафија, кој тогаш имал 23 години, но откако Филип бил уапсен за кражба, таткото на Виола инсистирал да ја прекине свршувачката, што таа и го направила.

До 1965. година, Франка била верена со друг маж. Дотогаш Филип се вратил во Алкамо и неуспешно се обидел повторно да влезе во животот на Виола, прогонувајќи ја и заканувајќи ѝ се на нејзиниот татко и на вереникот.

Во раните утрински часови на 26 декември 1965. година, Филип и група од 12 вооружени придружници упаднале во нејзиниот дом и ја киднапирале, претепувајќи ја нејзината мајка и земајќи го нејзиниот 8-годишен брат Мариано, кој одбил да ја пушти сестра му.

Мариано бил ослободен неколку часа подоцна, но Франка била задржана 8 дена во куќата на сестрата на Филип и нејзиниот сопруг (селска куќа на периферијата на градот), каде што неколку пати била силувана. Филип ѝ кажал дека сега ќе биде принудена да се омажи за него за да не стане „посрамена“ жена, но Франка одговорила дека нема намера да се мажи и згора на тоа дека ќе го тужи за киднапирање и силување.

Според традиционалниот општествен кодекс, овој избор би ја направил „бесрамна жена“, „жена без чест“, бидејќи ја изгубила невиноста без брак. Значајно е што овие концепти не биле исклучиво за Сицилија или за руралните области.

До одреден степен, тие биле имплицитни и во тогашниот италијански Кривичен законик, имено според член 544, кој го поистоветувал силувањето со кривично дело против „јавниот морал“ и ја формализирал идејата за „рехабилитација на бракот“, наведувајќи дека со тоа што силувачот кој се оженил со неговата жртва, неговиот криминал автоматски се укинува.

Судењето било сензација во Алкам и пошироко. Филип на крајот бил прогласен за виновен и осуден на 11 години затвор, а седуммина негови соучесници добиле по четири години затвор. Членот од законот според кој силувачот можел да го избегне своето злосторство стапувајќи во брак со својата жртва бил укинат дури во 1981.година.

Сексуалното насилство станало кривично дело против личност (наместо против „јавниот морал“) дури во 1996. година. Филип бил ослободен од затвор во 1976. година и протеран од Сицилија заради неговите мафијашки врски. Две години подоцна бил застрелан во Модена.

Франка Виола се омажила за Џузепе Руиси во декември 1968 година, кога имала речиси 21 година. Тие се сакаат уште од детството. Џузепе инсистирал да се ожени со девојката што отсекогаш ја сакал и покрај заканите и гласините, но морал да побара дозвола за огнено оружје откако добил дозвола за брак за да се заштити себеси и својата идна сопруга.

Италијанскиот претседател Џузепе Сарагат и папата Павле Шести јавно изразиле благодарност за храброста на Франка Виола. Виола и Џузепе имаат три деца (два сина и една ќерка) и сè уште живеат во Алкамо.

Повеќе