Мислел дека е стерилен, на 97 години открил дека има повеќе од 800 деца

ДНК тестирање открило дека човек кој разнесувал млеко во 50-тите и во 60-тите години на минатиот век во Јужна Калифорнија бил татко на над 800 деца. Овој сега 97-годишен маж мислел дека е стерилен бидејќи тој и неговата сопруга немале деца

1.455

Рендал (Ренди) Џефрис бил доставувач на млеко во 1950-тите и 60-тите години во Јужна Калифорнија. Неговата рута била во областа на Сан Диего. Во тој период токму тоа бил нчинот на кој луѓето се снабдувале со млеко, па Ренди од недела до недела разнесувал млеко од камионот до куќните прагови.

Со текот на годините тој почнал да воспоставува односи со своите клиенти, а во тоа време огромното мнозинство од неговите интеракции биле со домаќинки. Тој бил прилично убав човек во тоа време и многу бил баран од клиентките кои често му правеле пити и тепсии.

Многу од жените биле сопруги на војници, а Ренди бил најприсутниот маж во нивните животи. Питите и тепсиите наскоро се претвориле во кремшнити и интимни моменти. Луѓето тогаш биле дискретни во својата работа, а отсуството на технологија и хартиени траги ги правеле тајните љубовни врски уште поуспешни.

Во тие години не било невообичаено да се најде дете со различна боја на коса од неговите браќа и сестри. Сега со доаѓањето на комплетите за домашни ДНК тестови, сѐ повеќе луѓе наоѓаат скелети во плакарите на нивното семејно стебло. Голем број на возрасни во областа Сан Диего ималеконтроверзни резултати од ДНК тестот каде што било јасно дека не се во крвна врска со нивниот татко. Ова довело до секаков хаос.

По истражувањето од страна на поранешен припадник на ФБИ, Рендал Џефрис бил тестиран на ДНК како можна причина за барем некое од спорните раѓања. По стотици тестови и повторни тестирања, се покажало дека г-дин Џефрис всушност имал повеќе од 800 деца. Поради нивната возраст и законите за време на зачнувањето, Ренди бил ослободен од сите правни обвиненија што би можеле да произлегуваат од пропуштената поддршка за децата или слично.

„Сите овие години мислев дека сум стерилен. Мојата сопруга и јас никогаш немавме деца. Да мислиш така и на 97 години да слушнеш таква вест е вистински благослов. Сега се чувствувам толку исполнето и едвај чекам да ги запознаам сите мои деца“, рекол Ренди.

Повеќе