Дали децата треба да ги штитите од домашни работи?

Родителите понекогаш грешат кога ги заштитуваат своите деца од домашните работи, велејќи дека се мали и дека секако ќе треба да се грижат за нив кога ќе пораснат. Меѓутоа, науката покажува дека родителското делегирање на обврски уште од мали нозе е добро за развојот на личноста.

388

Истражувањето кое почнало пред 75 години и сè уште трае, открива дека среќата и успехот во животот најмногу зависат од две работи – љубовта и работната етика.

Развој на личноста

Родителите понекогаш грешат кога ги заштитуваат своите деца од домашните работи, велејќи дека се мали и дека секако ќе треба да се грижат за нив кога ќе пораснат. Меѓутоа, науката покажува дека родителското делегирање на обврски уште од мали нозе е добро за развојот на личноста.

Искуството на 724 испитаници кои станале исклучително успешни покажало дека на нивниот развој најмногу влијаело воспитувањето во духот – „засукајте ги ракавите и фатете се за работа“.

Уште додека биле во пониските одделенија во основно училиште, родителите им задавале да извршуваат домашни задачи, им помагале во средување на куќата, уредување на дворот, поправка на автомобил…

Обврска на родителите
Тие на овој начин уште од мали нозе сфатиле дека треба да работат за да постигнат нешто. Врз основа на тоа, стручњаците заклучиле дека обврска на родителите е да ги насочат децата кон работата, колку и да мислат дека тоа ќе ги измачува или ќе им одземе од времето за игра. Но, вака спонтано се градат работните навики и се негува работната етика, заради што подоцна во животот нема да им биде тешко да ѝ се посветат на работата и да постигнат успех подоцна во животот.

Повеќе