Научниците велат дека „одделенските кловнови“ се всушност најпаметните деца

Новото истражување покажало дека најдуховитите ученици се воедно и оние кои имаат подобро вербално расудување и повисока интелигенција.

387

Научниците велат дека „одделенските кловнови“ се всушност најпаметните деца.
Ако им се верува на научниците, сосема е можно детето кое важи за одделенски кловн во седмо одделение, да е всушност најпаметното дете во училницата.

Хуморот и интелигенцијата се тесно поврзани кај децата од повисоките одделенија во основното училиште, покажува истражувањето во International Journal of Humor Research.

„Особено не интересираше тоа како се оценува детската духовитост од страна на возрасните“, вели водачот на студијата Угур Сак од Универзитетот во Анадолија. „Родителите и наставниците треба да знаат дека квалитетниот хумор е многу веројатно знак за извонредна интелигенција“.

Студијата исто така покажала дека за разлика од возрасните кои хуморот го доживуваат како забава, децата го користат хуморот за да бидат прифатени и заради тоа се разликува природата на детскиот хумор.

За да утврдат кои ученици имаат повеќе дух, научниците им дале на експертите да ги оценат текстовите што ги напишале 217 деца за серија од десет стрип сликички. Хумористите ја оценувале духовитоста на детските коментари и се покажало дека најдуховити ученици се воедно и оние кои имаат подобро вербално расудување и повисока интелигенција.

Повеќе