Дали е навистина толку драматично? Кога децата треба да ја дознаат вистината за Дедо Мраз?

Многу родители сакаат нивните деца да мислат дека Дедо Мраз навистина постои затоа што сакаат тие да веруваат во магија колку што е можно подолго. Но, мора да дојде момент кога едноставно ќе престанат да веруваат…

61

Некои родители секој Божиќ цврсто веруваат дека децата ќе веруваат во Дедо Мраз барем уште оваа година, дека нивните солзи и разочарување сѐ уште не треба да ги гледаат, дека магијата ќе трае уште малку… магијата на вербата во Дедо Мраз и приказната според која тој го посетува секое дете на овој свет, влегува во сечиј дом и остава подарок за секого.

И знаете дека секој број повеќе на роденденската торта е всушност на чекор поблизу до разбивањето на илузиите…

Меѓутоа, иако родителите многу би сакале оваа магија да трае што подолго, факт е дека речиси секое дете ќе стане малку скептично на возраст од 7 или 8 години.

Некои порано, некои подоцна, а некои ќе знаат, но ќе се преправаат дека незнаат уште некое време.

Мислите дека ова знаење, по сите тие години на исчекување и возбуда, ќе биде драматично и дека сигурно ќе има солзи. Но, експертите велат – не е баш така.

Имено, студија од два дела објавена на APA PsycNet имала за цел да открие како децата и родителите се справиле со ова „откритие“.

Во првиот дел од студијата, експертите ги прашале децата и родителите за тоа како митот за Дедо Мраз се расплетувал за нив и кога нивните деца откриле дека тоа е измислена приказна.

Во друг дел од студијата, истражувачите побарале од возрасните да размислат за нивните детски искуства кога откриле дека Дедо Мраз не е вистински.

Приближно една третина од децата и половина од возрасните кои одговориле на овие прашања „пријавиле“ негативни емоции поради откритието дека Дедо Мраз е измама во случаи кога родителите силно го промовирале овој мит.

Дали откривањето на оваа тајна на вашето дете ќе влијае на неговата доверба во вас?

Имаме добри вести: една студија покажала дека повеќе од 75% од децата не ја изгубиле довербата во своите родители кога ја дознале вистината за Дедо Мраз.

Всушност, сосема очекувано: повеќе од половина од децата кои се прашуваат како Дедо Мраз може да го направи сето ова, сами го сфаќаат тоа со логично размислување (како може еден човек да го помине целиот свет во една ноќ?).

Во други ситуации, родителите се тие кои ја откриваат вистината. Без разлика кој ќе му каже на вашето дете, веројатно, сепак ќе ви верува.

Само 21% од испитаниците помалку им верувале на своите родители, а интересно е што дури 2% им верувале повеќе на своите родители.

Иако децата не биле директно прашани дали станале поскептични и кон другите фантастични ликови откако дознале за Дедо Мраз, приближно три четвртини од родителите изјавиле дека нивните деца покажале одреден скептицизам кон Забната самовила и/или Велигденското зајаче кога ја дознале вистината за Дедо Мраз.

Значи, голема е веројатноста дека нема да има драма доколку вашето дете дознае и неговата верба во вас нема да биде разнишана.

Магијата нека трае колку што може, но во одреден момент, кога ќе дојде време, едноставно кажете дека подароците може да ги „нарача“ кај вас.

Можеби ќе ви биде уште полесно, бидејќи ќе можете да поставите граници за подароците директно и без заобиколување.

Повеќе