Дали е опасно да се јаде плацентата по породувањето?

Со оглед на тоа што плацентата служи за заштита на бебето од разни штетни материи, инфекции и вируси додека е уште во стомакот – јадењето на плацентата не се препорачува бидејќи со нејзината подготовка не се уништуваат штетните материи кои остануваат во неа.

2.757

Плацентата или постелката е заеднички орган бидејќи со еден дел е залепена на ѕидот на вашата матка, а другиот е свртен кон бебето.

На овој начин, бебето ги отфрла штетните материи кои се враќаат во вашиот крвоток за да бидат преработени од бубрезите.

Тоа е многу сложен орган кој во текот на девет месеци го храни плодот преку размена на хранливи материи и кислород, но и преку филтрирање на отпадот и штетните материи низ папочната врвца.

Јадењето на плацентата по породувањето се нарекува плацентофагија

Иако можеби првпат слушате за плацентофагија – овој необичен вид постнатална исхрана постои со години.

Во некоја постара историја овој обичај бил вообичаен кај некои племиња, а денес не е толку редок во исхраната на познатите.

Меѓутоа, со оглед на зголеменото ширење на информациите за здравата исхрана, многу трудници ширум светот прибегнуваат кон плацентофагија.
Познато е дека плацентата се подготвува сирова, печена, но се става и во разни смути и каши како посебен додаток.

Во некои земји може да се најдат и во форма на капсули.

Зошто жените ја јадат плацентата

Некои експерти укажаа на можноста со овој начин на исхрана по породувањето жените да ја зголемат лактацијата, да ја балансираат хормоналната нестабилност, а со тоа да ги намалат шансите за постпородилна депресија и несоница, да го подобрат внесот на микронутриенти и нивото на железо.

Дали плацентофагијата е безбедна за мајката и бебето?

Со оглед на тоа што плацентата служи за заштита на бебето од разни штетни материи, инфекции и вируси додека е уште во стомакот – јадењето на плацентата не се препорачува бидејќи со нејзината подготовка не се уништуваат штетните материи кои остануваат во неа.

Плацентата исто така го штити бебето од штетни материи и чад во воздухот, формирајќи заштитна бариера околу бебето.

Одредени штетни материи се враќаат во крвотокот на мајката, но одредена количина останува во самата плацента.
Во американскиот Центар за контрола и превенција на болести била спроведена опсежна студија и теренска истрага за случај во кој новороденче развило стрептокок од групата Б преку мајчиното млеко.

Откриено е дека млекото било контаминирано со бактерии од групата Б откако мајката ја изела својата заразена плацента, иако била посебно приготвена во специјални капсули.


Плацентофагијата може да биде штетна за вас и вашето бебе. Ако барате начини да го подобрите вашето здравје после породувањето, разговарајте со вашиот лекар за докажани алтернативи.

Како да го забрзате закрепнувањето после породувањето?

Разбирливо е дека жените се заинтересирани да јадат плацента за да го забрзаат нивното закрепнување по породувањето и да ја избегнат постпородилната депресија.

Сепак, имајте на ум дека постојат многу докажани, безбедни стратегии за да останете здрави по породувањето и да го намалите стресот како нова мајка.
Фокусирајте се на здравата исхрана по породувањето и јадете храна која го зголемува вашето расположение и енергија
Фокусирајте се на вежбите по породувањето во договор со вашиот лекар и според вашата моментална физичка состојба
Земajте витамини и додатоци
Ако поминувате низ постпородилна депресија, побарајте стручна помош
Побарајте помош и поддршка од пријателите, семејството и партнерот
Спијте и одморете се колку што можете повеќе – спиењето е важно.

Повеќе