Дали сте слушнале за постнатален хотел? Со цела армија помагачи, можете навистина да уживате во првите денови со бебето (ВИДЕО)
Да живеевте во Њујорк и да можевте да си дозволите да плаќате 1.400 долари од ноќ, можеби ќе можевте навистина да уживате во вашите први денови по породувањето во постпородилниот хотел Борам, на Менхетен. А што сѐ може да се добие таму, прочитајте во продолжение
Откако ќе дојде долгоочекуваното бебе, на среќата ѝ нема крај. Но, ако гледаме реално, сите знаеме дека тие први недели се всушност многу, многу тешки. А што велите на тоа да можете да ги поминете тие недели во хотел со целосна поддршка од целиот персонал?
Не спиете, сѐ ве боли, толку сте исцрпена што не ни знаевте дека е можно да се биде, ви се чини дека сѐ правите погрешно, дека бебето постојано плаче… Ах, тие прекрасни први недели со бебето! А сега замислете дека во тие денови имате цела „армија“ околу себе и сѐ што ви треба за чисто и вистинско уживање.
Кога сте уморни, го оставате вашето бебе во сигурни раце на експерти кои имаат искуство со бебиња. За тоа време вие одите во сауна, во дневната соба за мајки, на некој од курсевите, терапии или семинари за мајки… Но и тоа не е сѐ. Можете да направите масажа од секаков вид, па дури и помеѓу издојувањата можете да побарате да ви ја исчистат издојувалката. За да ја заокружите приказната, има и психолози и други експерти кои ќе ви помогнат ако ви е тешко. А кога ќе огладнете, ќе добиете сè што ќе ви текне, особено храна која е добра за жените кои штотуку станале мајки.
Сето ова веројатно ви звучи како сон. Но, сето тоа можете навистина да го добиете во постпородилниот хотел Борам во Њујорк, Менхетен. Односно, можат да добијат оние кои живеат од онаа страна на светот и кои можат тоа да го платат. Со сѐ што се нуди таму буквално нема ни да ја почувствувате целата тежина и борба во првите денови со бебето. Можете ли да го замислите тоа? Тешко. Не треба ни да се обидувате да замислите, бидејќи за повеќето „обични смртници“ ова е само недостижен сон. И ќе разберете зошто е тоа недостижен сон кога ќе ви кажеме колку чини ноќевање во овој навистина посебен хотел. За една таква вечер, а сигурно ќе посакате повеќе, ќе платите – 1.400 американски долари или речиси 1.300 евра.
Постнаталната масажа ќе ви помогне при немирен сон и ќе ви ги намали отоците, класичните масажи ќе ви помогнат да се опоравите, а масажата на стапалата ќе ве ослободи од уморот. Седечките бањи ќе ви помогнат со болните рани по породувањето. Во сето ова можете да бидете со партнерот, но постарите деца не се добредојдени во хотелот. Звучи како нешто што треба да се проба? Епа и да звучи, веројатно нема тоа нема да се случи. Ви преостанува да се потпрете на вашите најблиски, нели?