Дали вашето бебе има сини очи?

Бојата на очите на бебето ќе се промени неколку пати на возраст до шест месеци. После тоа, промените малку се стабилизираат, а до првата година би требало да се формира окото, а со тоа и бојата.

286

Кога бебињата ќе се родат, тие имаат светли очи, а подоцна таа се менува. Станува збор за тоа што при раѓањето бебињата имаат малку меланин, па бојата на очите им е посветла. Имено, меланинот е пигмент кој делува така што колку го има помалку, тој е посветол. Малите наслаги на меланин во ирисите ги прават очите сини, средната количина ги прави зелени или им дава боја на лешник, додека заради голема количина ирисот станува кафеав.

Како што расте бебето, пигментот се зголемува. Меланинот е протеин, а количината и видот се запишани во гените. Ирисите кои содржат голема количина меланин се потемни.

Бојата на очите на бебето ќе се промени неколку пати на возраст до шест месеци. После тоа, промените малку се стабилизираат, а до првата година би требало да се формира окото, а со тоа и бојата.

Бојата на очите најдраматично се менува во периодот од шест до девет месеци, а понекогаш трае и до првиот роденден. Потоа можете точно да кажете каква боја на очи има бебето. Постојат ретки ситуации во кои бојата на очите на децата се менува до тригодишна возраст, но тоа повторно зависи од генетиката и количината на меланин.

Повеќе