Дали заспивањете на бебето во раце е добра или лоша навика?

Иако повеќето експерти ги предупредуваат родителите да не го заспиваат своето бебе во раце затоа што подоцна нема да можат да се ослободат од таа навика, кога станува збор за бебиња помали од 4 месеци, нема ништо лошо во ова.

98

Едно предупредување што повеќето млади родители го слушаат одново и одново е да не го заспиваат своето бебе во раце затоа што ќе се навикне на тоа и нема да можете да го заспиете на друг начин.

Но, кога станува збор за мали бебиња, нема ништо лошо во ова.

„Бебињата под четири месеци треба да се држат на начин кој им е потребен за да заспијат“, вели Сатја Нарисети, професорка на одделот за педијатрија на Универзитетот Рутгерс.

Сепак, секогаш ставајте го вашето бебе на грб во креветчето откако ќе заспие. Тоа е најбезбедниот начин.

„По три или четири месеци, кога бебето ќе развие поредовни навики за спиење и ќе може да спие во текот на поголемиот дел од ноќта, проценете дали заспивањете во раце сè уште е вистинскиот избор“, вели Нарисети.

„Секое дете и секое семејство се различни. Но, веројатно ќе сакате да се ослободите од оваа навика пред бебето да почне да оди.

За нивниот развој е важно децата да можат да спијат и да се смират сами“, вели таа.

Кога детето ќе се разбуди во текот на ноќта и само ќе заспие без да плаче и без ваша помош, тоа е вештина која подоцна ќе биде повеќе од практична, и без грижа, и тоа ќе се случи.

Тренингот за спиење, или поттикнувањето на детето да има поредовни навики за спиење, вклучува ставање на детето во креветчето додека е сè уште будно и оставање да заспие самостојно.

Професорката Нарисети, која и самата е мајка, е љубител на методот Фербер, во кој родителите го тешат бебето среде ноќ, но го оставаат во креветчето и на тој начин го развиваат самосмирувањето.

Воспоставувањето на рутина пред спиење, на пример, бањање, потоа читање, па кревет, исто така поттикнува добар и квалитетен сон.

Ако сакате да испробате тренинг за спиење, прво проверете кај вашиот лекар за да бидете сигурни дека нема никакви медицински препреки, како што е рефлукс (состојба кога желудочната киселина се враќа во хранопроводникот и предизвикува болка и печење што возрасните ги нарекуваат киселини), кои би можеле да му пречат на вашето бебе.

„Има моменти кога родителите можат да ги утешат ноќе, на пример, ако имаат кошмар или нешто слично, но во најголем дел, верувам дека децата треба да знаат да се заспиваат сами после една година.

Повеќе