Дали знаете што ќе се случи кога ќе престанете да му викате на вашето дете?

Според Њујорк Тајмс, викањето му го зголемува на детето нивото на анксиозност, стрес и депресија, што доведува до поголеми проблеми во однесувањето.

7.504

Истражување од 2014 година, чии резултати беа објавени во The Journal of Child Development, покажаа дека викањето дава слични резултати како физичкото казнување на децата. Според Њујорк Тајмс, викањето на детето го зголемува нивото на анксиозност, стрес и депресија, што доведува до поголеми проблеми во однесувањето.

Иако знаеме дека понекогаш е многу тешко да го контролирате вашиот гнев, фрустрации и емоции кога детето е непослушно или не сака да соработува, психолозите објаснуваат дека викањето или, уште полошо, физичкото казнување може да доведе само до полошо однесување и никогаш да не резултира со решавање на постоечката состојба. Исто така, психолозите открија што се случува ако престанете да му викате на детето и ако почнете да ги решавате проблемите со мирна комуникација и отворен разговор.

Детето ќе ве слуша повнимателно
Иако на многу родители им се чини дека детето ги слуша само ако го кренат гласот, тоа всушност не е точно. Нивното однесување се смирува во тој момент, пред сѐ, поради стравот. Детето ќе слуша повнимателно ако смирено се обидете да му објасните што згрешило и ќе разбере дека може да ви верува и да ви го довери постоечкиот проблем без страв од осуда или критика.

Вашето дете ќе ви верува повеќе
Како што споменавме претходно, експертите предупредуваат дека викањето не создава поблиски односи меѓу детето и родителот, туку сосема спротивното. Тоа создава одредена емотивна дистанца, а детето ја губи довербата во родителот бидејќи не знае дали може воопшто да му ги доверува своите проблеми или дилеми. Ако го исклучите викањето од секојдневната комуникација со вашето дете, ќе видите дека вашето малечко многу повеќе ви верува и почесто ќе ви се доверува.

Ќе се чувствувате подобро
Секогаш кога ќе го кренеме гласот кон своето дете, подоцна сами себеси се осудуваме или се обвинуваме себеси затоа што сме свесни дека одредена ситуација сме можеле да ја решиме на поконструктивен и помирен начин. Кога ќе научите да ги решавате проблемите без непотребно да му викате на вашето дете, ќе сфатите дека и самите се чувствувате подобро, како родител, но и како личност.

Повеќе