Децата не треба да се капат секој ден: Еднаш на 3 дена се бањаат цели, секојдневно само гениталиите

Децата не треба да се капат секој ден, особено не во зима, доволно е еднаш на секои три дена. Единствено хигиена на гениталиите се одржува секојдневно и тоа само со миење со млака вода, со минимална употреба на сапун или шампон.

5.668

Неонатолозите, педијатрите и дерматолозите се согласуваат со усвоениот став дека децата треба да се капат секој трет ден, а секојдневно да се одржување хигиената на гениталиите бидејќи прекумерната употреба на детска козметика може да доведе до сушење на кожата, разни иритации, па дури и до појава на егзема, која во повеќето случаи е поизразена во зима.

Во зима, на студ, кожата на луѓето, вклучувајќи ги и децата, по миењето побавно ја враќа влажноста. Затоа во зима е потребно помалку да се капете и повеќе да се грижите за кожата со употреба на хидратантни, но и на помрсни креми.

Препораки за здрава бебешка кожа

Капење секој трет ден

Користете исклучиво шампон и сапун со pH 5,5

Капење во малку шампон или со минимална употреба на сапун

Задникот и гениталиите на бебето секогаш мијте ги со млака вода
Редовно менувајте пелени
Отфрлете ги влажните марамчиња секогаш кога е можно

Кај децата кои имаат сува кожа и кожа склона кон детска егзема, дерматолозите препорачуваат по капење и бришење на кожата, целата кожа да се намачка со неутрален омекнувачки крем.

Избегнувањето на секојдневно капење на децата, советуваат лекарите, треба да се применува од самото раѓање, особено кај децата кои имаат семејна склоност кон алергии и егзема.

Имено, додека порано се инсистираше на секојдневно капење во када полна со пена, а и во породилиштата било практика бебето да се капе со топла вода и сапун, а сирестиот беличест намаз наречен верникс се отстранувал со парафин или со најобично масло. Се сметаше дека овој сирест намаз може да биде извор на инфекција. Но, искуствата го покажаа спротивното. Природата се погрижила да ја заштити кожата на бебето. Овој слој всушност ја штити кожата од инфекции и ја одржува топлината на бебето. Отстранувањето предизвикува микро-повреди на кожата кои можат да отворат пат за развој на бактерии. Но најважно е да не претерувате со употребата на детска козметика која може да предизвика оштетување на кожата, сушење и појава на егзема и алергии.

Дома, по вадењето на пелената, мајката не треба да го чисти детето со влажни марамчиња бидејќи не се стерилни. Детето треба да се измие така што водата ќе му се слива кон нозете, а потоа нежно избришете го со крпа, советуваат неонатолозите.

Алергија и сува кожа

Приближно секое петто или десетто дете има сува кожа, потекнува од семејства со изразена склоност кон алергии.

Оваа група деца со таканаречена атопична конституција или атопичари, имаат поголеми барања во однос на грижата. Нивната кожа е сува затоа што во сопствениот кожен крем што го создава недостасува една масна киселина. На пазарот има голем број на производи наменети за нега на бебешка кожа кои ја содржат оваа масна киселина која недостасува, а тоа се производи со природни масла…

Атопичните пациенти е идеално да се капат во маслени бањи или со масла за туширање бидејќи овие производи не ја обезмасуваат кожата при одржување на хигиената.

Друг проблем со кожата на атопичните деца, е зголемената склоност кон бактериски инфекции, пред се стафилококи, кои во многу поголем број се таложат на ваква сува кожа. Затоа децата склони кон егзема и алергии треба повремено да користат производи за капење кои на неагресивен начин го отстрануваат вишокот стафилококи. Главно се користат препарати базирани на јони, бакар и цинк метали.

Повеќе