Децата под пет години не треба да ги јадат овие намирници

Најважна работа за секој родител е безбедноста на децата, а за да се намали ризикот од задушување на најниско можно ниво, важно е да се следат препораките на експертите.

368

Задушувањето е една од главните причини за смрт кај малите деца. Се разбира, не можете да внимавате на вашето дете 24 часа на ден, но има бројни мерки на претпазливост што можете да ги преземете за да го минимизирате ризикот. Подолу, експерт за безбедност на децата открива 11 опасни намирници кои лесно можат да предизвикаат гушење кај дете помладо од пет години.

Кои намирници се најопасни?

Храна која може да претставува опасност за гушење, според експертите, се виршли, грозје, јаткасти плодови и семки и пуканки. Холи додала дека секоја бонбона која е тврда, леплива или лута, исто така може да биде опасност од задушување за деца под пет години. Исто така, се покажало дека за децата тврдите бонбони се на врвот на листата на најопасни намирници поради ризикот од задушување. Исто така, ризик можат да претставуваат и парчиња месо или сирење, парчиња путер од кикирики, гуми за џвакање и популарните „манчмелоу“. На листата се најдоа и сиров зеленчук и суво грозје.

„Оваа храна се смета за високоризична за децата на возраст под пет години. Децата имаат мали дишни патишта во форма на инка и сè уште учат како правилно да ја обработуваат и голтаат храната. Оваа храна треба да се подготви на безбеден начин пред да му се даде на детето. Според експертите, децата се изложени на поголем ризик од задушување додека не наполнат пет години. Само на петгодишна возраст децата можат целосно правилно да ја џвакаат храната бидејќи нивните катници им излегуваат на оваа возраст.

Покрај тоа, тие веќе доволно ги совладале вештините на џвакање и дробење храната пред голтање. Како што дополнително објаснуваат педијатрите на официјалната веб-страница на американското здружение на педијатри, Pediatrics, постои уште една причина зошто децата имаат зголемен ризик од гушење – децата многу лесно го губат вниманието кога јадат. Затоа е секогаш важно да се внимава на малите деца додека јадат. Одење, трчање, смеење или зборување може да доведе до момент на невнимание.

Веб-страницата на NHS обезбедува упатства за безбедна подготовка на храна за бебиња и мали деца. Тие препорачуваат воведување цврста храна од 6 месечна возраст. Експертите им препорачуваат на родителите да го сечат на тенки парчиња свежото овошје како банани, јаболка, праски, нектарини и круши за малите деца.

Сепак, овошјето како што се сливите, грозјето или црешите треба да се исчистат од семките и да се згмечат и да се иситнат за да бидат побезбедни за јадење. Исто така, побезбедно е да се зготви и да се исечка зеленчукот како што се моркови, грашок, карфиол, компири и брокула. Погрижете се бебињата и малите деца да бидат будни и да седат исправено на високо столче додека јадат. Охрабрете ги бебињата и децата правилно да ја џвакаат и голтаат храната и да не брзаат додека јадат. Исто така, експертите сметаат дека е најдобро да избегнувате одредени „опасни“ намирници додека детето не дојде на возраст кога може безгрижно да ужива во нив.

Што да направите ако детето почне да се гуши од парче храна?

Ако детето почне да се гуши од парче храна, треба да го легнете на стомак над вашите колена, така што главата и горниот дел од грбот ќе висат надолу. Удрете го горниот дел од грбот на детето неколку пати (не премногу силно) со дланката. Доколку овој метод не функционира, лекарите ја советуваат процедурата Хајмлих. Сепак, неговата примена се разликува кај бебиња до една година и кај постари деца. Бебето треба да биде свртено на градите, со лицето надолу и да се притиска помеѓу лопатките. За деца постари од една година, маневрот Хајмлих се изведува на ист начин како и кај возрасните. Треба да застанете зад детето, да ги свиткате рацете околу него и да извршите ненадеен притисок на горниот дел на стомакот. Ова треба да го исфрли воздухот од белите дробови, а со тоа и туѓото тело.

Повеќе