Детали од бесрамната одбрана на медицинската сестра која тепаше старица и видео од приведувањето

„Слушнав бучава во бањата и отидов да погледнам. Моите колеги имаа проблеми таму и сакав да помогнам. Ме нападна и ми ја повреди раката, ме нападна со нога. Не употребив насилство или голема сила освен да ја спречам да ме нападне. Таа тој ден нападна и друг станар“, тврдела медицинската сестра која тепаше повозрасна жена со Алцхајмер во домот за стари лица во Пеќ.

6.804

Аурона Пељај, која заедно со уште две медицински сестри беше уапсена по објавувањето на видеото на кое се гледа како таа тепа повозрасна жена во Домот за стари лица „Оренда“ во Пеќ, иако на Фејсбук се извини, пред полицијата дала срамна одбрана. Според косовските портали, Аурона тврдела дека всушност се бранела од старицата, иако на видеото кое се појави на социјалните медиуми и трае мачно долго, јасно се гледа како таа се смее додека ја удира старицата која нема сила да се одбрани од неа. Другите медицински сестри пак, иако не се гледаат на видеото, се подеднакво инволвирани во случајот бидејќи наместо да преземат нешто, убаво се забавуваат гледајќи ја сцената.

Одбраната на Аурона Пељај е дека старицата прва ја нападнала и дека била агресивна, пренесува косовскиот портал Сигнал (Sinjali).

„Кога почнав да работам, таа веќе беше станарка во домот. Дента кога се случи настанот беше многу агресивна и одвреме-навреме доживуваше нервни сломови за што го информиравме докторот. Тој ден имавме задача да им ги смениме пелените откако оваа постара жена ја исполни својата физиолошка потреба и ја извалка просторијата со рацете.

Слушнав бучава во бањата и отидов да погледнам. Моите колеги имаа проблеми таму и сакав да помогнам. Ме нападна и ми ја повреди раката, ме нападна со нога. Не употребив насилство или голема сила освен да ја спречам да ме нападне. Таа тој ден нападна и друг станар“, тврдела Пељај.

Сега има три уапсени лица кои се уапсени за три различни кривични дела, првото се товари за кривично дело „Напад“, второто „Помагање во кривично дело напад“, а третото за „Неовластено снимање“.

Жанета Нура, ќерка на старицата која беше физички и психички малтретирана од медицински сестри во домот за стари лица во Пеќ, за косовските медиуми изјавила дека нејзината мајка е добро и дека веднаш ја извадила од домот.

Таа вели дека била шокирана од насилството што го доживеала нејзината мајка. Рекла дека еднаш до двапати неделно ја посетувала мајка си во домот за стари лица, а последен пат била четири дена пред настанот. Тогаш забележала траги на насилство на лицето на нејзината мајка, но не можела ни да претпостави дека се од работниците во домот.

„Автоматски ја извлеков мајка ми од таму и сега се надевам дека правдата ќе биде задоволена и случајот ќе се реши. Тоа ѝ се случи на мајка ми, но да не дозволиме да им се случи на другите. Да се ​​применува насилство врз 70-годишна старица… Три сестри, едната ја држела за раце, а другите ѝ се смееле, крај на светот е. Многу сум потресена“, изјавила Нура.

Повеќе