Докажано е: Бабите и дедовците кои се грижат за своите внуци живеат подолго

Науката покажа дека бабите и дедовците кои се грижат за своите внуци живеат во просек пет години подолго.

1.854

Пред вас е напорна недела. Едвај го чекате викендот, но не сакате да ги мачите родителите со прашањето дали можат да ги чуваат внуците за да можете да се одморите?

Не грижете се повеќе бидејќи има добра причина сепак да проверите дали се слободни за викенд.

Науката покажа дека бабите и дедовците кои се грижат за своите внуци живеат во просек пет години подолго.

Според една студија објавена во списанието Evolution and Human Behaviour, бабите и дедовците

кои ги чувале децата или на друг начин се грижеле за нив, имале помал ризик од смрт во текот на

20-годишен период отколку нивните врсници кои не го правеле тоа.

Ова го покажуваат податоците анализирани од опсежната Берлинска студија за стареење, која

следела здравствени досиеја на повеќе од 500 луѓе на возраст од 70 и повеќе години, пренесува

Mother.ly.

Зошто грижата за децата има здравствени придобивки за бабите и дедовците?

Д-р. Ронан Фактора од Клиниката во Кливленд, вели дека ова е затоа што, како што луѓето стареат –

тие сакаат да останат физички активни, социјално ангажирани и когнитивно стимулирани, а сето тоа

им овозможува добро да стареат.

Ова не е првата врска помеѓу грижата за децата и долговечноста меѓу бабите и дедовците:

истражувачите кои стојат зад студијата од 2016 година објавена во Evolution and Human Behavior

дошле до сличен заклучок по анализата на претходните податоци од Берлинската студија за

стареење.

Според тоа истражување, бабите и дедовците кои се грижеле за своите внуци живееле во просек

пет години подолго од оние кои не се грижеле. Здравствените придобивки од чувањето деца не се

однесуваат само за бабите и дедовците.

Студијата објавена во Evolution and Human Behavior исто така покажала дека постарите возрасни

лица кои помагале во грижата за децата кои не се во роднински односи со нив, исто така, живеат

малку подолго.

Истото важи и за луѓето без деца:

Според истражувачите, возрасните без деца кои се грижеле за деца живееле во просек три години подолго.

Иако грижата за децата очигледно има важни животни и здравствени придобивки, тоа не значи

дека треба да им ги предадеме нашите деца на чување на бабите и дедовците со полно работно

време.

Умерената грижа секако има свои придобивки, но претходните студии открија дека

неформалните старатели можат да доживеат физички и психолошки стрес заради прекумерната вклученост.

За возврат, тие доживуваат негативни здравствени резултати – особено ако старателот има историја

на депресија или анксиозност.

Со други зборови, клучот е (како и секогаш) да се постигне вистинската рамнотежа.

Како што вели Ралф Хертвиг, автор на студијата од 2016 година, „помошта при чувањето на децата

не треба погрешно да се смета за лек за подолг живот“.

Повеќе