Докторка објаснила зошто никогаш не треба да го ставате детето во дубак

Американската академија за педијатрија повикува на целосна забрана за употреба на дубаци. Сепак, тие сè уште се продаваат во многу земји, меѓу кои е и нашата. Канада ја забрани нивната продажба во 2007 година поради ризикот за развојот на бебињата.

329

Физикална терапевтка за деца ги повикала родителите двапати да размислат за користењето на детска одалка. Д-р Ешли Естес ја објаснила опасноста од дубаците.

„Одалките се големо не, според педијатриските физиотерапевти“, објавила таа на Тик-Ток.

Како прва причина наведува дека можат да предизвикаат сериозни повреди.

„Затоа тие се забранети во многу земји. Детето може да падне по скали, да стигне до местата до кои не треба и да се движи премногу брзо, што ја отежнува интервенцијата“, споменала таа неколку примери.

Дополнително, вели дека користењето дубак може да предизвика моторно заостанување.
„Одалките поттикнуваат абнормален образец на одење и можат да го одложат правилното одење. Тие поттикнуваат одење на прсти што може да влијае на правилното одење од пети до прсти и може да доведе до затегнатилистови. Тие ги поттикнуваат децата да ги исклучат мускулите на телото и не поттикнуваат работа на реакции на рамнотежа“, продолжила таа.

Повеќе