Експертка открива кој сладолед е најнездрав за децата

Порано сладоледот се правеше од млеко, јајца и путер, но денес, за жал, се прави од се и сешто, велат експертите. Кој ви беше омилен сладолед во вашето детство?

557


Прехранбениот технолог од Србија, Радмила Гајиќ Ѓорѓевиќ, која работела во фабрика за сладолед, зборува за тоа што всушност јадат децата во сладоледот.
„Порано се подразбираше дека сладоледот се прави од млеко, јајца и путер, а денес, на мое жалење, има големи промени во тој дел, како и во други делови од индустријата. Денес, сладолед може да се направи од сѐ и сешто. Само ако не е од млеко и путер, не може да се нарече сладолед туку десерт. Обрнете внимание на тоа кога ја читате декларацијата“, вели таа.

Гајиќ Ѓорѓевиќ се сеќава какви биле сладоледите.
„Замислете каков сладолед е тоа кога ќе ви стигне свежо млеко, овошната паста што ја правевме во друга фабрика во истиот круг и путер од нашата сопствена млекарница. Нема ништо подобро од свежо направен сладолед, наточен директно од производствената линија“.

Експертката, пренесува Zadovoljna.rs, истакнува дека во зависност од тоа од која суровина е направен сладоледот, постојат следниве видови сладолед и напоменува што би му купила на своето дете, а што никогаш не би купила:

  1. Млечен сладолед, кој содржи минимум 2,5% млечни масти во сува млечна материја, најмалку 6% немасни сува млечна материја и најмалку 24% вкупна сува материја. Не смее да содржи растителни масти или растителни протеини.
  2. Крем сладолед, кој содржи минимум 5% млечни масти, 6% немасна сува материја од млеко и минимум 30% вкупна сува материја. Исто така, не смее да содржи растителни масти или растителни протеини, затоа на моите деца ако купувам би им купила само крем сладолед.
  3. Десерт од сладолед, кој содржи минимум 2,5% млеко или растителни масти и минимум 24% вкупна сува материја и може да содржи млечни или растителни протеини. Не би го купила ова за моето дете.
  4. Замрзнат десерт со вкус, тоа е производ кој содржи вода, шеќер, вкусови, бои и дополнителни состојки. Ни случајно не би го купила за моето дете.
  5. Замрзнат овошен десерт е производ кој содржи вода, шеќер, овошје, бои, вкусови и други додадени состојки (практично е замрзнат освежителен, но негазиран пијалок), но мора да содржи минимум 5% овошје или соодветна количина на преработки од овошје.
Повеќе