Емотивно видео на пар кој се обидува да добие дете

Пар од Британија на ТикТок сподели емотивно видео во кое го сумира виорот на емоции кои ги доживеал додека се обидувале да забременат

339

Никој не може да предвиди како ќе изгледа неговата бременост и колку време воопшто ќе биде потребно за да се дојде дотаму. Секое тело и секој циклус е различен. Единственото нешто што е исто е емотивниот виор на емоции што ќе го доживеат сите вклучени во тоа патување.

Колет Пери го сподели своето лично искуство во форма на видео на TикTок. Луѓето сочувствуваат со нејзиното разочарување при секое гледање на негативен тест, а потоа се радуваат кога таа конечно ќе види позитивен тест. Колет и нејзиниот сопруг едвај чекале да им ја соопштат радосната вест на родителите, па ги снимиле и нивните реакции.

Според Националната здравствена служба на Велика Британија, повеќето парови (84 отсто) ќе забременат во рок од една година ако имаат редовен однос и не користат заштита. Сепак, возраста игра улога. Една студија покажала дека меѓу паровите на возраст од 19 до 26 години, 92 отсто забремениле по една година, а 98 отсто по две години. Во возрасната група од 35 до 39 години, 82 отсто од паровите ќе забременат по една година, а 90 отсто по две години.

Проблемите со плодноста може да бидат предизвикани од повеќе причини, вклучувајќи хормонални (ендокрини) нарушувања, како што се синдромот на полицистични јајници и проблеми со тироидната жлезда или хипофизата; физички нарушувања како што се дебелина, анорексија или прекумерно вежбање; нарушувања на репродуктивниот систем како што се инфекции, опструирани јајцеводи, ендометриоза или низок број на сперматозоиди.

Иако некои од овие фактори влијаат и на жените и на мажите, околу 40 отсто од неплодните парови имаат проблем со двајцата партнери.

Повеќе