Еве што се случува кога мајка ќе заборави да ги бакне децата пред да оди на работа… (ВИДЕО)

Една мајка од Флорида брзајќи за на работа заминала без да ги бакне децата и сопругот, а реакцијата на нејзиното мало синче стана вистински хит на Интернет

223

Александар, момче од Џексонвил, Флорида, ги воодушевило корисниците на социјалните мрежи откако покажа екстремно незадоволство кога мајка му заминала на работа без да го бакне за поздрав. На видеото, момче кое уште не зборува добро се обидува да му објасни на својот татко зошто е толку навреден.

Снимката ја направил таткото Христос, а мајката Дијана Симос неколку минути претходно побрзала на работа, но заборавила уредно да се поздрави со малиот. Ова многу го налутило момчето, па со сите сили се обидува да му објасни на својот татко зошто се чувствува така. „Не ти даде бакнеж?“, го прашува таткото додека момчето се обидува да објасни што се случило.

Момчето не само што го повредило тоа што мајка му не го бакнала него, туку не ја бакнала ниту помалата сестра, ниту татко им.

„Брзав на работа и не се збогував како што треба. Тој имаше многу што да каже, а мојот сопруг снимиле сè”, изјавила мајката откако нивното видео станало хит на социјалните мрежи и било прегледано повеќе од два милиони пати.

Повеќе