Генерацијата З не сака да има деца: Кои се причините поради кои зумерите не сакаат да бидат родители

Тинејџерите не размислуваат за семејство затоа што се загрижени поради бременоста и породувањето, покажало новото истражување. Некои истакнуваат дека не сакаат да имаат деца и поради климатските промени,

301

Две студии спроведени од експерти од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажале дека една третина од членовите на генерацијата З не сакаат деца. Причините што ги навеле вклучуваат негативни асоцијации на бременоста и породувањето и страв од родителството. Од друга страна, речиси половина од оние кои рекле дека сакаат деца во иднина, се загрижени околу својата способност да имаат здраво потомство.

Студиите ги користеле резултатите од истражувањето на 931 ученици во Англија, на возраст од 16 до 18 години, собрани помеѓу мај 2021 година и јули 2022 година.
Еден труд, објавен во списанието Human Fertility, покажал дека мнозинството од членовите на генерацијата З сакаат да имаат деца во иднина, а речиси половина сакаат да имаат две деца. Сепак, 45 отсто од нив изјавиле дека се загрижени за идното родителство бидејќи се плашат во каков свет ќе живеат нивните деца. На прашањето што ги загрижува, тинејџерите ги навеле стравот, сомнеж во себе, здравје и благосостојба, финансиски товар, пречки за личните аспирации и неинклузивно ЛГБТК+ образование.

Оние кои изјавиле дека не сакаат да имаат деца ги навеле негативните асоцијации со бременоста и породувањето, стравот од родителство, одгледувањето дете во свет со неизвесна иднина, разгледувањето на алтернативни патишта за родителство и перцепцијата на децата како непријатност. Некои истакнуваат дека не сакаат да имаат деца поради климатските промени, пишува Daily Mail.

Повеќе