Градинка или баба и дедо сервис? Зошто одењето во установа за деца е важно за нивниот развој и иднина?

Социјализацијата е веројатно најголемата придобивка од одењето во градинка бидејќи токму преку стекнување ставови и системи на вредности се создава подлога за емоционален и интелектуален раст на детето. Воспитувачите и другите експерти знаат дека социјализацијата е клучот за успехот и на лично и на социјално ниво.

1.860

Со тргнување во градинка детето првпат се среќава со средина во која се спроведува структурирано учење и се престојува во поголеми групи. Сè што дотогаш совладало, детето го научило главно од родителите и од поширокото семејство преку имитирање и набљудување.

Но, во градинка е сосема поинаку. Детето е изложено на различни активности за учење во поголем тим, а особено е нагласена важноста на социјализацијата поради неговиот престој во тимот. Сите вештини што ги учи се многу важни за неговата благосостојба подоцна во животот.

Социјализацијата е веројатно најголемата придобивка од одењето во градинка бидејќи токму преку стекнување ставови и системи на вредности се создава подлога за емоционален и интелектуален раст на детето. Воспитувачите и другите експерти знаат дека социјализацијата е клучот за успехот и на лично и на социјално ниво.

Социјализацијата како главна предност на градинката

Ако детето е добро приспособено на врсничка група, полесно ќе учи, ќе ги совлада знаењата и вештините, ќе соработува, ќе наоѓа пријатели и поддршка во нив, но и ќе стекне самодоверба. Истражувањата покажуваат дека добро социјализираните деца се поопуштени и посамоуверени од оние што немаат големо искуство да бидат во група. Но, социјализацијата не е единствената придобивка што ја носи градинката. Постои и создавање на основа за подобар успех во училиштето. Имено, со поттикнување на социјално-емоционалната компетентност, како и дисциплина, кај детето се градат љубопитноста и мотивацијата за учење.

Студија на научниците од Универзитетот во Оксфорд, спроведена на оваа тема, покажала интересни резултати. Имено, децата што оделе во градинка имале многу подобри оценки и поголем успех на училиште од оние што биле чувани од баби или дадилки дома.

Факт е дека, покрај новите знаења и вештини, градинката ги подготвува децата за новите рутини кои ги очекуваат на училиште и подоцна во животот. Тие се првенствено функционирање во група, интеракција на одредена задача и заеднички активности со нивните врсници. Основните рутини развиени во предучилишна возраст може да бидат исклучително важни за подоцнежниот успех на детето, како што докажува и споменатото истражување.

Повеќе